По професија сум лекар, ја сакам работата и со љубов ја работам. Но додека студирав, а и кога почнав да работам не знаев колку е важно еден лекар постојано да ја чита Библијата и да живее со Божјото Слово, да го познава Господ Исус Христос и да биде воден од Него.
Од Библијата осознав дека Господ не создаде нас, луѓето како Божјо совршено, врвно дело, преку Исус Христос, за да живееме живот исполнет со добри дела, кои Тoj одамна ги определил за нас. Читајќи ја Библијата и поучувајќи се во здравата наука на библиска основа во ХЦ Блага Вест во РМ, водена од Епископите Константин и Милена Кајшаров, осознав и лично почувствував дека медицината лекува, но само Господ Исус Христос исцелува комплетно во дух, душа и тело!
Тoj на крстот ја пролеа Својата света крв за секој човек, а преку Неговите рани ние сме целосно исцелени од секакви болки и болести.

„А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, zа нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме.“ – Исаија 53:3-5
Во ова време на многубројни болести, присилни вакцинации, загадување на воздухот, водата, храната, во време на немир, страдања, страв, грижа, зголемена смртност гледам многу болни, загрижени и тажни луѓе во болниците кои од незнаење бараат излез на погрешни места. Затоа како лекар советувам и потенцирам дека единствениот мир, утеха, охрабрување, сила, сигурност, заштита е ОД, ВО и СО Господ Исус Христос и секој кој ќе го повика Господовото Име ќе се спаси!
Зашто Бог ни вели: „Повикај Ме во вистинскиот час и Јас ќе ти ја услишам молитвата; побарај Ме во денот кога ти нудам спасение и Јас ќе ти помогнам!“ – 2 Коринтјани 6:2
Сега е вистинскиот час! Секој кој со својата уста Го признае Исус за Господ, а во своето срце поверува дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе биде спасен и ќе Го има најдобриот пријател и лекар!
Анита Христова – Димчева

