Можете ли да замислите да поминете 192 часа заробени во апсолутна темнина, без вода, без храна, чувствувајќи како цементот ги крши вашите коски и се губи вашата надеж!
Хернан Гил го преживеал најлошиот кошмар по силниот земјотрес во Каракас, Венецуела. Кога спасувачите повеќе не барале преживеани, туку тела, се случило невозможното. Неговото силно сведоштво го потврдува тоа.
Хернан Гил (43) работел како обезбедување во подрумот на резиденцијата во Катија Ла Мар кога се случил силниот земјотрес во Каракас со јачина од 7,5 степени по Рихтер и зградата се срушила врз него. Тој не избегал, туку инстинктивно се засолнил под маса и во таа положба останал жив осум дена под урнатините.



За тоа време надвор спасувачките тимови од седум земји неуморно копале. Потребно било повеќе од 100 часа работа додека не отвориле три метра тунел и стигнале до него. Гил излегол од под урнатините само со дислоцирана клучна коска, неколку модринки, свесен и контактибилен и веднаш зборувал со својата сопруга и своите деца преку видео повик.
Закрепнувајќи во болницата Hospital de Clinicas Caracas, во Каракас тој рекол дека додека бил под урнатините, во темнината не престанал да зборува со Бога. „Знам дека беше чудо“, рече тој. Трогателната приказна на Хернан Гил не потсетува дека животот може да се промени во секунда, но исто така и дека Господ Исус Христос е Бог на чудата и чини чуда во животот на оние кои веруваат и се надеваат на Него. Овој човек заробен под урнатините, во темнината го најде својот Спасител!
Извор: Positive
„Содржината е базирана на јавно достапни онлајн информации, со авторска обработка и интерпретација.“
Подготвил: Анита Христова-Димчева

