Семејство

Мажи, вашата сопруга е богатство!

Таа не е само ваша партнерка во животот, таа е скапоцен дар што ви го доверил Бог.

Однесувајте се кон неа со почит.
Почитувајте ја со вашите зборови.
Сакајте ја со трпение и грижа.

Сопругата дава толку многу од себеси за својот дом, за своето семејство, и за луѓето што ги сака. Кога сопругот ја почитува и ја цени, нејзиното срце цвета и бракот станува посилен.

Никогаш не го земајте нејзиното присуство здраво за готово.
Ценете ја жената што e покрај вас и со вас во секоја сезона од вашиот живот.

Побожниот сопруг разбира дека искреното сакањето на својата сопруга не е само чин на љубов – тоа е чин на послушност кон Бога.

📖 „Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа” – Ефесјаните 5:25

Секој сопруг нека се сети дека неговата сопруга е прекрасен благослов и богатство од Бога, придружничка доверена од Бога.

Извор: Pastor’s Wife Diary

Можеби ќе ви се допадне

Семејство

Љубовта не се купува

  • 24.02.2026
Кога не си се посветил и љубов не си дал, а потоа го надоместуваш тоа со пари, цвеќе, подароци, тогаш
Семејство

Да не успееш како сопруг или татко е неуспех во Божјите очи !

  • 10.03.2026
Личните амбиции на сметка на домашниот живот се сериозен проблем во животот на многу мажи. Некои ги сметаат за успешни,