Здравје

Здрава Carrot cake од соништата

Здрав и превкусен колач со моркови и јаболки од соништата кој се подготвува лесно и брзо за само 5 до 10 минути.

Потребни состојки за колачот:

  • 200 гр интегрално или брашно од спелта
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 4 јајца
  • 100 гр кокосов шеќер
  • 100 мл маслиново масло
  • 3 рендани моркови
  • 3 средни рендани и исцедени јаболки (околу 350 гр вкупно)
  • 1 шака сецкани ореви
  • 1,5 лажички цимет

Сите состојки треба да се соединат и добро да се измешаат. Се пече околу 36 минути на 160 степени во округло тавче обложено со хартија за печење.

Крем:

  • 200 гр крем сир
  • 150 гр зрнесто сирење (cottage cheese)
  • 2 лажици агаве или јаворов сируп
  • 1 шака сецкани ореви (за посипување одозгора над кремот)

Сите состојки се соединуваат во блендер додека не се добие кремаста маса, се премачкува колачот и на крај се ставаат сецканите ореви одозгора. Се остава малку колачот да се олади.

Уживајте и поканете добро друштво зашто се е послатко кога се дели😊

Извор: food.journalista

Можеби ќе ви се допадне

Здравје

Дали твојата перница работи ПРОТИВ твоето здравје?

  • 25.02.2026
Можеби не сакаш да размислуваш за тоа кога си преморен и едвај чекаш да легнеш и потонеш во сон, но
Здравје

Здрави бајадери

  • 27.02.2026
Има ли некој што не сака бајадери? Овие бајадери се поздрава верзија на оригиналниот рецепт и буквално го имаат тој