Вести

Над ,,брановите” со Божјиот авторитет

Во време кога секојдневието носи ,,бранови” што знаат да нè расклатат, прашањето е каде гледаме тогаш и каде е нашиот фокус? 

  • На стравовите?
  • На грижите?
  • На проблемите?
  • На она што ни недостига?
  • Или на Оној кој што нè повикува да продолжиме?

Го спроведува ли верникот авторитетот што Бог му го дал, како одговорност, за да остане цврст и непоколеблив пред сите околности и предизвици, што се обидуваат да ја потонат неговата вера?

Токму на оваа тема: ,,Живеј со Божјиот авторитет – за пробив, заштита и победа”, Епископ Константин Кајшаров, зборуваше на Богослужбата во саботата, пред верниците во ХЦ Блага Вест во РМ. Пораката од проповедта беше јасна – повик за акција, повик да се дејствува со Божјиот авторитет!

Но, за да може човек да дејствува со авторитет, најпрвин е потребно да биде под авторитет. Тоа значи Исус да биде издигнат над сè, за потоа од таа позиција на потчинетост кон Бога, да дејствува и да го спроведува Божјиот авторитет, во името на Исус.

Богослужбата продолжи со Господова Спомен Вечера, во радост и благодарност, со издигање и славење на Исусовото име.

А за крај, печатот од пораката остана да пулсира во срцата на верниците – Божјиот авторитет не е само даден, туку е нешто што секој верник е повикан да го живее и спроведува.

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

  • 02.03.2026
✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на