Очевидци

Од темнина и кошмари до иднина исполнета со благослов

Од мали нозе Го барав Бога, но немаше кој да ми ја каже Вистината, дека Исус Христос е Господ, дека е Жив и дека ми прости се на крстот. Затоа залутав во други религии и правци, во Њу Ејџ, читав разни книги, но празнината и депресијата во мене растеа, зашто вината и срамот беа погласни од праведноста. Обременета од животни грижи, на седумнаесет години, западнав во тешка депресија. Цели три месеци не можев да јадам, ниту да спијам. Немав сили да станам од кревет. Само ја држев Библијата во раце, но не бев способна да седнам и да читам. Се плашев да заспијам бидејќи имав кошмари. Цело тело ме болеше како некој да ме тепал. Исцрпена ментално и физички, не можејќи повеќе да ја поднесам таа состојба, посакав да си го одземам животот.

Но токму тогаш Бог ме допре преку еден сон кој ми го даде. Тоа не беше обичен сон, туку визија за мојата иднина која Тој ја подготвил за мене. Една прекрасна визија преку која ме исцели зашто ми даде смисла на мојот живот. Бог ми покажа дека токму таму каде што јас бев слаба тоа ќе го искористи за Негова слава. Утредента се разбудив целосно исцелена, обновена и првпат после три месеци јас имав сила да станам и да се радувам на животот. 

Целосното значење на сонот, во тој момент не ми беше јасно, но знаев дека Константин Кајшаров кој тогаш сеуште не беше Пастор и не го познавав лично, дека тој ќе ми го објасни во целост. Поминаа 6 години од тој ден и конечно го запознав и му го споделив сонот, а тој навистина ми даде насока за понатаму. 

Еден период, додека живеев во странство, бев во нездрава блудна врска, поради што повторно започнав да запаѓам во депресија и агонија, анксиозноста повторно започна да расте и целосно го изгубив мирот.  

Но Бог, по Негова милост и промисла ме спаси и ме избави и тоа го направи преку Пастор Константин Кајшаров кој ме советуваше и се молеше за мене. Така дојдов во Црквата Блага Вест каде сум член и од денот кога Го примив Исус Христос за мој Господ и Спасител сѐ се промени. Се молев и барав Бог да ми каже што да правам, и добив одговор дека треба да се вратам назад во Македонија, дека таму е човекот кој е за мене.

Послушав, се вратив и денес сум во благословен брак со три прекрасни дечиња. Анксиозноста и депресијата повеќе не се дел од мојот живот, живеам ослободено, радосно и во мир, знаејќи дека Бог за мене приготвил прекрасна иднина, многу поубава од што можам да замислам. Ова го научив слушајќи ги Богослужбите и семинарите на Епископ Константин, кој воден од Светиот Дух нѐ води во сета Божја Вистина за да живееме во целосно психофизичко здравје, во благодат и просперитет од Христа.

Секојдневните предизвици Тој ги претвора од планини во рамнини, едноставно со Него се е многу полесно. Секој ден сум сведок на Неговите чуда, навистина е благословено да живееш во Вистината дека Господ Исус Христос те сака, многу повеќе од било кој друг, затоа отвори го срцето за Него, верувај Му и Тој ќе промени се! Слава на Бога за се!

„Зашто Јас ги знам Своите замисли за тоа што имам намера со вас – зборува Господ – замисли за мир, а не за несреќа: да ви дадам иднина и надеж.“ – Еремија 29:11 

Росана Христов 

Можеби ќе ви се допадне

Очевидци

Повик кој го спаси животот на мајка ми

  • 24.02.2026
Повик за помош кој никогаш нема да го заборавам, зборови кои никој не сака да ги слушне и не ги
Очевидци

Докторите и предвидуваа само уште два дена живот, но се случи нешто натприродно

  • 25.02.2026
“Ѝ останаа уште два дена живот на вашата ќерка” – овие зборови точно на полноќ како ехо одекнуваа низ празниот