Вести

Пред 14 години започна духовна револуција во Македонија!

Не како човечка идеја или план, туку како дело што Бог го започна кога Господ Исус Христос му се објави на Константин Кајшаров во 2012 година, на 16ти Март. Тогаш, Константин доживеа Богојавление – лична средба со Господ Исус Христос и новораѓање. Тој ден неговиот живот целосно се промени, а од таа средба започна нешто кое и денес продолжува да носи плод за Слава на Бога.

Од таму се роди мисијата „Живо Христијанство” – Духовност во Пракса. Не само како теорија, туку како начин на живот во кој верата во Христос се живее и практикува секој ден, со читање Библија, со молитви, со препуштеност во Божјото Присуство и водство од Светиот Дух.

Со текот на годините гледаме како Бог допира многу животи, доаѓаат луѓе со прашања, со болка и тага, со копнеж за нов живот, со желба за промена, да Го запознаат Бог, да се исцелат од болести, да се ослободат од демони… и го наоѓаат мирот што го барале.

Во Христијанска Црква Блага Вест во РМ, каде што Константин Кајшаров е Епископ, и денес гледаме плод од она што Бог го започна во 2012та, Црквата постојано се полни и расте, а Богослужбите ги следат луѓе од секаде во светот.

Секоја година овој ден е радост за Црквата, бидејќи е духовниот роденден на Константин, но не се слави како датум, туку со благодарност кон Бог, во заедништво и радост што сме сите сведоци на секојдневната промена во животите на луѓето која не престанува, туку сѐ повеќе се засилува. Подароците и вниманието се израз на почит од луѓето за трудот и посветеноста во службата што се живее со цело срце постојано и неуморно.

Но сите ние знаеме дека ништо од ова не е човечка заслуга. Сè што гледаме и живееме се случува затоа што живееме во Благодатта Божја, по Милост на Бога. Бог мене ме спои со Константин и заедно го живееме повикот да Му служиме на Него и да ги приближиме луѓето кон Господ Исус Христос.

На овој пат имало и радост и предизвици, имало и луѓе кои не разбираат, но и луѓе кои откога го сретнале Бог, избрале да заминат назад. Но нашата задача останува иста – да Го сведочиме Христос и да им помогнеме на луѓето да Го запознаат и примат како свој Господ и Спасител, затоа што кога човек навистина ќе Го сретне Исус, нешто длабоко во него се менува, никој потоа не е ист.

Затоа за нас 16ти март не е само датум. Тој ден нè потсетува како започна сè. Една вистинска средба со Живиот Бог може да го промени животот на секој човек… а преку тој променет живот Бог може да допре уште многу други животи, а тоа постојано и денес го прави.

А ние, и после сите овие години знаеме едно:

Сè што живееме е показател за Божјата Милост и Благодат кои ги живееме!

Пастор Милена Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

  • 02.03.2026
✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на