Не ги фрлај кајсиите! Овој колач е причината зошто следниот пат ќе купиш уште повеќе.
Ако сакаш здрави десерти кои се лесни за подготовка, овој превртен колач со кајсии ќе те воодушеви. Без бел шеќер и путер, а толку е сочен што ќе исчезне истиот ден!
Состојки:
- 4 јајца
- 120 г ситно сецкани бадеми
- 80 г брашно од спелта или по избор
- 150 г грчки јогурт
- 2 лажици мед
- 1 кесичка прашок за печиво
- 16 кајсии (по можност да бидат благи и помеки)
- По желба: малку цимет
- 1 рака сецкани ореви

Подготовка:
- Обложи тавче / калап со големина на пречник 28см со хартија за печење и нареди ги преполовените кајсии со пресечената страна надолу.
- По желба, премачкај ги со малку мед и посипи ги со цимет.
- Измати ги јајцата, па додај ги јогуртот и медот.
- Додади ги сецканите бадеми, брашното и прашокот за печиво, па добро измешај.
- Истури ја смесата врз кајсиите.
- Печи 35–40 минути на 180°C.
- Остави колачот да се излади околу 15 минути, па внимателно преврти го на чинија или послужавник.
- На крај, посипи го со сецкани ореви.
На здравје!
Извор Instagram: Zdravka.

