Има ли некој што не сака бајадери?
Овие бајадери се поздрава верзија на оригиналниот рецепт и буквално го имаат тој ист препознатлив вкус.
Рецепт:
– 125г путер
– 200мл млеко (може и растително)
– 300г мелени јатки (микс од ореви, лешници, бадеми)
– 250г мелени овесни снегулки
– 50г темно чоколадо (ако најдете чоколадни капки со кокосов шеќер Дорина со стевиа или чоколадо по ваш избор)
– 2-3 лажици какао (може и органско)
– ванила екстракт
– 100г кокосов шеќер
– 2-3 лажици мед
Глазура
– 100г темно чоколадо (чоколадни капки со кокосов шеќер, Дорина со стевиа или чоколадо по ваш избор)
– 2-3 лажици кокосово масло
Подготовка:
– Во средно тенџере ставете го млекото, медот, кокосовиот шеќер, путерот и ванила екстрактот и загрејте го млекото за да се стопат путерот и шеќерот.
– Потоа, додадете ги мелените јатки и мелените овесни снегулки, измешајте убаво да се соединат и поделете ја смесата на два дела.
– Стопете 50г чоколадо на пареа или на тивок оган и во едниот дел додадете го чоколадото и какаото и измешајте.
– Во тавче со големина 20x20cm претходно обложено со хартија за печење, рамномерно распоредете го прво темниот слој. Потоа додадете го светлиот слој и внимателно натапкајте го и него (може да користите хартија за печење за тапкањето за порамномерно да се распореди смесата)
– Стопете го чоколадото со кокосовото масло и распоредете го рамномерно врз светлиот слој.
– Ставете ја бајадерата да се стегне во фрижидер неколку часа. Кога ќе ја извадите почекајте 5 минути пред да исечете еднакви парчиња.
– Може слободно да стои во фрижидер и 5 дена, а во замрзнувач подолго. Најдобро е еден дел да оставите во фрижидер а остатокот да го замрзнете и да вадите по потреба, им треба 10-15 мин да се одмрзнат.
Уживајте!
Извор: anamarija.kuzmanovska
Здрави бајадери

