И ѝ се виде модринката која беше од испуканите капилари и попуштените вени, од настапите секоја вечер во ноќниот клуб. Немаше друг излез, освен на тој начин да заработува пари, за да го изгледа своето вонбрачно дете.
Таа беше малата татина принцеза, која што го загуби татко ѝ во својата рана возраст, а потоа наивно поверува на соседот од другата зграда, кој што имаше зелени невини очи. Но и тој ја прелажа и ѝ остави уште еден товар кој за нејзе беше благослов, од кој што таа не сакаше да се откаже и да го даде во дом, кога мајка ѝ ја убедуваше за тоа.
Ирена, настапуваше во ноќниот клуб и животот ѝ беше како тивка борба што никој не ја гледаше. Надворешно – рефлектори, сцена, музика и аплауз, а внатрешно – замор, страв, осаменост и неизвесност за утрешниот ден.
Секоја вечер, додека стоеше под тие рефлекторски светла, таа не пееше само песни – таа ја пееше својата болка. Секој стих беше крик од нејзината душа, секоја нота – обид да се преживее уште еден ден.
Но, најголемата тежина можеби не ѝ беше работата, ниту уморот, туку одговорноста, кон тие крупни светли и љубопитни очи, кои наликуваа на неговите, кои постојано ја бараа мајка си, кон тоа мало бело ангелско лице, кое не знаеше за тежината на светот околу себе, кон Сара. Причината поради која чувствуваше одговорност и не можеше да се откаже и поради која мораше да продолжи, без оглед на сè.
Со нејзината мајка не беа во добри односи откако се роди Сара, така што единствената помош одвреме навреме доаѓаше од нејзината тетка.
Кога се враќаше дома доцна во ноќта, во моментите на тишината, седнуваше покрај Сара која мирно спиеше и загрижено си го поставуваше прашањето „Дали животот е само борба, болка и преживување?“ И токму во таа тишина почна да се раѓа едно ново прашање – што ако зборовите на нејзината тетка се излезот од целата ситуација?
„Поверувај и ќе се спасиш“ – на почетокот ѝ звучеа едноставно, можеби дури и нереално, но колку повеќе размислуваше, толку повеќе сфаќаше дека сè друго веќе пробала – и ништо!
Таа саботна вечер, после напорниот настап, Ирена се врати дома и наместо да си легне, остана будна.

Седеше на коленици веднаш до креветот на кој спиеше Сара и дозволи солзите да се тркалаат од нејзините очи и за прв пат искрено, како крик од дното на нејзиното срце извика кон Бога: „Ми требаш Господе Исусе Христе, повеќе од сè! Уморна сум и не можам сама!“
А после тоа одеднаш почувствува мир! Како невидлива прегратка во нејзината слабост, како тивок глас што ѝ даваше увереност дека не е сама.
И од тој ден, сè почна да се менува. Ирена почна да го запознава Бог се повеќе, и да разбира дека нејзината вредност не е во грешките од минатото, ниту во тоа како ја гледаат другите, туку во љубовта што Исус ја покажа за неа. Ја сфати цената што Тој ја плати за неа и таа вистина ја ослободи и тука ја најде смисла на својот живот и сила за да продолжи.
Го предаде својот товар во рацете на Господ Исус Христос, сета грижа реши да ја префрла во молитва кон Него, почна да се надева и да очекува само добрини од Бога. Сара почна да гледа како мајка и станува се поведра, силна и инспирирана. Набргу потоа Ирена ја смени работата и сретна добри луѓе кои и станаа како семејство. Таа напредуваше, Сара растеше, тетка и беше покрај нејзе и сите заедно почнаа да одат во Црквата каде што научија да живеат со Бога. Ирена таму се прероди, ја вкуси Божјата Благодат, почна да се радува како никогаш дотогаш и од жртва стана победник.
Денес Ирена живее во свој дом заедно со вистински човек од Бога благословен, кој таа го сретна во Црквата Блага Вест. Човекот стана прекрасен татко на Сара и заедно со тетка и доѓаа редовно на неделните Богослужби. Ваква трансформација можеш и ти да доживееш. Почни да Го изговараш името на Господ Исус Христос со благодарност во молитва, дојди во Христијанска Црква Блага Вест во РМ, потоа верувај дека Бог има совршени замисли за тебе и твојот живот и доживеј ги.
Павле Х.

