Вести

Кирил и Методиј – Просветители на духовното будење

Со благодарност и почит, денес се потсетуваме на делото на светите браќа Кирил и Методиј – просветители, мисионери и евангелизатори кои го донесоа Словото, писменоста и светлината на Божјата вистина меѓу народите. Браќата Кирил и Методиј живееле во 9-тиот век.

Тие биле родени во Солун и се познати како словенски просветители и мисионери. Го создале првото словенско писмо – глаголицата и го ширеле христијанството меѓу Словените на разбирлив јазик.

Нивната мисија не беше само културна, туку и длабоко духовна: да го направат Божјото Слово разбирливо за луѓето, за секое срце да може лично да Го запознае Исус Христос.

Исус рече:

„Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.“ – Марко 16:15

Токму тоа го правеле светите браќа Кирил и Методиј – со љубов, мудрост и посветеност го ширеле Евангелието и поставиле темели што и денес зборуваат. Нивното дело нè потсетува дека Македонија и овој регион имаат духовно наследство и повик.

Денес сме горди, што сме Библиска земја, земја низ која поминале апостолите, земја каде што одекнувало Божјото Слово уште од првите векови.

Народот кој живееше во духовна темнина, беше допрен од светлината на Христовото евангелие.

Распространувањето на Добрата вест за Исус – дека Тој е Спасителот на секој човек кој ќе поверува во Неговото откупно дело на крстот, поткрепено со моќното делување на Светиот Дух резултираше со духовно оживување на Македонската нација и целиот регион.

Денес, 12 векови подоцна, ваквото духовно оживување ни е повторно потребно.

На Македонскиот народ не му е потребна само форма, традиција или религија, туку жив допир од Бог — новораѓање преку Светиот Дух.

Да се потсетиме на фактот дека духовното оживување е Божјо дело, кое се случува единствено преку силата на Светиот Дух:

„Еве ги Господовите зборови на Зоровавела: ‘Не со сила ни со снага туку со Мојот Дух! – слово е на Господа над Војските.” – Захарија 4:6

Веруваме дека Божјото Слово сè уште одекнува над овој народ и целиот регион.

А Бог ни даде и вакво ветување во Светото Писмо:

„Што било, пак ќе биде, и што се правело, пак ќе се прави, и нема ништо ново под сонцето.“ – Проповедник 1:9

Како што Бог во минатото подигнувал луѓе исполнети со вера и оган, така и денес повторно донесува духовно оживување – не преку мртва религија, туку преку живо дело на Светиот Дух.

„Ако некој не се роди одозгора, не може да го види Царството Божјо.“ – Јован 3:3

Во Македонија веќе постои жива црква во која делува Светиот Дух -Христијанската Црква Блага Вест во Република Македонија.

Тоа е Црква во која се проповеда живото Евангелие, каде срца се обновуваат, животи се менуваат, чудесни ослободувања и исцелувања се случуваат, а Божјото присуство, постојано допира многу луѓе со љубовта која Светиот Дух ја излева и бројните чуда, кои се случуваат преку верата во Христа.

Духовното оживување не е нешто што допрва треба да започне – тоа веќе е започнато. Бог веќе ги разгорува срцата, повикува луѓе кон покајание, вера и личен однос со Христос. И веруваме дека огнот на Светиот Дух ќе продолжи да се шири низ Македонија и целиот Балкан.

„И ќе излеам од Мојот Дух на секое тело.“ – Јоил 2:28

Ова е време кога Бог подига генерација во Македонија, која нема да живее од традиција, туку од Божјо присуство. Генерација што ќе биде светлината на светот, што ќе носи надеж, исцелување и вистина.

Нека Светиот Дух продолжи силно да се движи низ Македонија. Нека се разгорува духовниот оган во секој град, секое семејство и секое срце. Нека многумина Го запознаат Исус Христос како жив Господ и Спасител.

Затоа, денес со радост да се потсетуваме на нашите храбри просветители Кирил и Методиј, но и да го зачуваме во срцата радосното ветување дека Светиот Дух повторно ќе го направи чудото, како во минатото.

Уверени сме во тоа, дека Оној, Кој го почна доброто дело во нас Македонците, ќе го доврши до Денот на Христа Исуса.

Алелуја! Бог не завршил со Македонија – најдоброто допрва доаѓа.

Извор Фејсбук: Последни времиња

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

  • 02.03.2026
✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на