Вести

Прашања, одговори и длабоки духовни разговори

На пасторскиот состанок во Христијанската Црква Блага Вест во РМ, верниците имаа можност да поставуваат прашања, да споделуваат свои соништа, духовни искуства и лични увиди, отворајќи разговори за тоа како Бог му зборува на човекот во денешно време, како и за копнежот за подлабоко разбирање на Божјата волја.

Пастор Константин Кајшаров, преку духовни одговори даваше разјаснување и насоки, но и ги охрабри присутните да ја читаат Библијата со отворен ум и да бараат јасност од Светиот Дух, кој е најдобриот ментор, учител и советник.

Во таа насока беше истакната и пораката за потребата верниците „да бидат синхронизирани со Бог и да го подесуваат срцето да прима од Бога“.

Темите отворија и подлабоки Библиски толкувања, при што беа спомнати делови од Откровение 6 и Исаија 2, поврзани со подземните градови во светот, системот на антихристот и дигиталната идентификација, како и за она што следува.

Состанокот заврши со повик кон духовна будност, понизност и подлабоко единство со Бога, а присутните заминаа со чувство дека средбата не била само разговор, туку процес на охрабрување кон длабока трансформација, која носи вистинска промена.

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

  • 02.03.2026
✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на