Проблемите од магии се застапени како тешки теми кои луѓето си ги споделуваат. Многумина наоѓаат крв пред влезната врата, други глава од петел, други земја од гробишта или некаква течност. Некои се плашат да го исчистат тоа нешто.
Една жена рече дека ставала растение вратика за да ги исчисти тие нешта од прагот на нејзината куќа, но по неколку дена почнала уште полошо да се чувствува. Очајна, отишла кај некој гатач во некое охридско село, се што и кажал направила, ама синот дома на кревет легнал. Потоа отишла кај некоја бајачка, ја натерала на раскрсница да фрла вода со која го миела лицето на синот, но младиот маж уште толку пропаднал. Жената не нашла одговори ни кај арогантниот свештеник во Црквата во нејзината општина Ѓорче Петров од кадешто добила укор бидејќи не смеела да оди по бајачи и гледачи. Наместо утеха била укорена и презрена. На крај ни сподели дека решението си го нашла во книгата „Растурање на магии“ од Константин Кајшаров која и ја дала нејзина пријателка што одела во Црквата кај тој протестантски пастор.
Во таа книга прочитала дека магиите не се растурале со баена вода, вратика, трнливи гранки, или со селска метла, ниту со горење на свеќи од Црква, туку само во име на Господ Исус Христос, се крши секој ѓаволски завет и секое проклетство изречено врз водата, крвта, изметот, течноста или земјата што се наоѓала пред вратата.
Потоа сето тоа се собирало и се фрлало во контејнер, а не во река бидејќи во река се загадувале водите. Потоа местото се измивало со дезинфекционо средство и се посолувало со сол и благослов одново во името на Господ Исус Христос. Жената откако го направила тоа, разбрала дека било грешно да се оди кај бајачи и гледачи, и преку книгата на Кајшаров навлегла подлабоко во личен однос со Бога преку кратки молитви и со читање на Светото Писмо. Заедно со пријателката почнале да се молат со Молитва за ослободување од демони и за чистење, според учењето на Кајшаров и за кратко нејзиниот син станал и исплукал во леѓен чудна мешавина од шлајм и некакви топчиња. Кога ги стиснале со вилушка од топчињата истекло сива течност, жената препознала дека било нешто слично како жива. Уште три пати правеле таква молитва и синот сосем се кренал на нозе. Чудното било што веднаш се виделе промени во домот.
Расправиите во домот престанале, синот се смирил со таткото и повеќе немал вртоглавици и мигрени, по кратко време конечно ја побарал девојката да му биде жена. На овој начин семејството процветало.


Жртвите на магиски влијанија кажуваат дека од најблиски личности им било подметнато да пијат нешто во водата, други дека ги боцкале игли во телото, а други дека имале гушење. Без разлика дали се влашки, муслимански или африкански – вуду магии кои се работат со восочен двојник кој е боден со игли и клетви, магиите се вербални форми на деструктивни ментални програми кои го напаѓаат одреден човек за да му ја одземат силата или да ја манипулираат неговата волја. Честопати оние кои порачуваат или прават магии користат личен предмет од потенцијалната жртва која ја носи неговата енергија или днк, било тоа да е коса, нокти, или маица.
Вакви случаи има многу, но сите пагански обичаи како чистење со жалфија, растение вратика, метење со селска метла, не биле решение и начин за вистинско чистење на магии, тоа го можела само молитвата во име на Господ Исус Христос. Молитвата не била техника за чистење на магии, туку дијалог со Бога, но таа станувала многу ефективна само доколку човекот си го посветел срцето на Бога и кажел едноставни зборови од Светото Писмо во име на Господ Исус Христос кон она што претставувало магија и со тоа се неутрализирало дејствието.
Топло ви ја препорачуваме книгата: „Растурање на магии во име на Господ Исус Христос“ охрабрувајќи ве целата надеж да ви биде само во Бога.
Павле Х.

