Скандали

Стоев со поглед вперен во шприцот и иглата длабоко забиена во неговата вена и тогаш…

И тогаш… сакав да му се развикам, ладнокрвно да се завртам и да си заминам, но нешто од внатре ме сопре. Не можев! 
Рацете му се тресеа, а погледот му беше празен и едвај изусти „не е тоа што мислиш, ќе ти објаснам“.
Но не ми требаше објаснување, зашто сликата пред мене зборуваше доволно. Но зошто стигнал до ова? Смогнав сила да прашам и ме погледна со очи кои му беа полни не со солзи, туку со тежина и со зборови кои ја признаваат длабоко сокриената болка, изусти …Затоа што не знаев како поинаку да избегам од сè…

И таа реченица ме пресече.
Тогаш сфатив дека ова не беше само лоша одлука, туку крик за помош, што никој не го слушнал навреме.
Едвај успеав да кажам … Не си сам! И мислам дека тие зборови како да скршија нешто во него. 

Се присетувам на таа сцена и чинам како срцето да ми застана за момент, зашто не знаев дали тоа што го гледав е реалност или сон. Коста – мојот најдобар другар од детството, со кого заедно растевме, со кого заедно делев сè, седеше на подот во бањата кога влегов во неговиот дом, после долгото чукање на влезната врата. Знаев дека е дома, но ме загрижи зашто не се јавуваше. Неговите беа заминати на викенд и како по обичај, го оставаа сам.
Беше син единец, во добро ситуирано семејство и уште од мали нозе тој секогаш имаше најмодерна гардероба, скапи патики, најнов модел на мобилен телефон ….сè што многумина само го сонувавме. Едноставно во нашите очи имаше „совршен живот“… Но зад таа совршеност, се криеше нешто што ретко кој го гледаше. Имаше сè, а сепак, нешто му недостасуваше. Додека ние му завидувавме, тој тивко се борел со празнината што не се пополнува со материјални работи.

Со текот на времето се поретко се слушавме и поретко се гледавме и некако незабележително се оддалечивме.

Но, пред два дена се видовме сосема случајно и ме покани кај него. Рече дека ќе биде сам, неговите ќе одат на викенд. Не размислував многу, помислив дека можеби е шанса повторно да го вратиме старото пријателство, да се смееме како порано, да се присетиме на разговорите што ги водевме, како ништо да не се променило.

Но сега, самата глетка ме стаписа! Стоев нем и во главата ми се вртеа безброј прашања:

„Дали отсекогаш бил ваков?“
„Дали јас сум бил слеп?“
„Што е тоа, што не го разбирам?“

Коста воздивна, како некој кој што долго ја криел вистината и сега собрал храброст да ја каже… Не знаеш како е да си меѓу луѓе, а да се чувствуваш како да не постоиш. Дома…никој не те слуша, во друштво… морав да бидам некој друг, за да сум прифатен; секогаш некаде се чувствував како да сум вишок. Не можев повеќе! 

Го спушти погледот, па продолжи…прво беше само да пробам, да заборавам, барем само за кратко да не мислам. А после… после тоа веќе не беше избор.

Му се доближив, го прегрнав и додека седевме така, осетив како ме стиска толку силно, како да сакаше да ја пополни празнината во себе, онаа која не се пополнува со ништо материјално. Оваа беше од оние празнини кои бараат љубов, разбирање и сочувство.

И во тој момент се присетив на поуките што ги слушав на Богослужбите во нашата Црква Блага Вест, од нашиот Пастор, дека како христијани, потребно е да го изразуваме Христос во нашите постапки и дела. А Тој, не ги отфрлаше и не бегаше од оние кои се скршени, изгубени, разочарани, од оние кои се чувствуваат безвредно и празно и како да се на дното.
И тогаш му раскажав за Исус, Кој умре на крстот, Кој немаше грев, но го зема гревот од сите нас и ја покажа Неговата совршена љубов која е поголема од секој грев што човекот може да го изврши, љубов која простува, прифаќа и лекува.

Додека му раскажував колку многу Исус го сака и дека таа Исусова љубов не зависи од грешките, падовите и изборите што ги направил во животот, го забележав како да се промени, се смири и тогаш го направи својот избор, Го прими Исус за свој Бог и Спасител и тоа беше момент на нов почеток кај него. Коста почна да доаѓа во Црква и се радувам што неговиот живот сега е комплетно трансформиран, а воедно и заедно му служиме на Бога.

Павле Х.

Можеби ќе ви се допадне

Скандали

Кој го уби Џон Кенеди!?

  • 14.03.2026
Според официјалните информации убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, е извршено во Далас, Тексас на 22 ноември 1963 година,
Скандали

Тинејџерка-вештерка која „требало да биде мртва“ преминала од фрлање магии кон обожување на Исус

  • 30.03.2026
Сара Ан Сумполек некогаш била фасцинирана од магии и тарот карти – сè до средбата со Исус, која комплетно ја