Вести

Библиска школа во ХЦ Блага Вест во РМ

,,Расти во знаењето. Живеј ја верата” – со оваа порака во ХЦ Блага Вест во РМ започна Библиската школа, наменета за сите кои сакаат подлабоко да го запознаат Божјото Слово, да изградат цврсти темели на верата и да напредуваат во својот духовен развој.

Нејзината цел е верниците да растат во знаењето и духовната зрелост, сè подлабоко да го запознаваат Христос и Неговото учење, со посебен акцент на верата, која не останува само на зборови, туку се претвора во начин на живот – без традиции, обичаи и ритуали.

Првиот час, кој се одржа во саботата на 22 август, беше посветен на Божјото Слово – Библијата.

Учесниците имаа можност да се запознаат со нејзината структура и поделба, како и со разликите и поврзаноста помеѓу Стариот и Новиот Завет, отворајќи го патот кон нејзино подлабоко разбирање.

По завршувањето на часот, следуваше време за дружење, разговор и споделување. Во опуштена атмосфера и со насмевки, средбата продолжи да го гради она што не се учи од книга – близина, пријателство и заедништво во Христос.

Еден час е веќе зад нас, а пред нас е едно духовно патување кое допрва започнува, со отворени врати за секој, кој сака да се приклучи.

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

  • 02.03.2026
✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на