Порано кога постарите ќе речеа на Господ да чекаме, мислев дека да чекаш на Господ значи да не правиш ништо. Седи дреми, ќе ти “падне”(од небо) тоа што треба.
Но, токму на спротивното сум очевидец, односно дека Бог те води до излезот до решението.
Требаше да направам споредба на податоци од два документи, каде се внесени податоци за 4 региони и сето тоа да се заврши во рок од 30 дена. Обемно, но возможно да се заврши за 1 месец. Едни документи беа на некоја платформа, вторите со рачно внесени податоци. Работа и обврски имаше многу, ми се најавија дури и гости, а рокот течеше. Платформата која беше непознаница за мене, беше “tailored made” (направена по нарачка) и кога имав слободно време се обидував некако да најдам начин да ја проучам, но ништо не помагаше, ни совети, ниту пребарувања на интернет.
Стигнав до 10 дена пред рокот, бев вознемирена, обесхрабрена, зошто сѐ што смислив и пробав не успеа, прашав и стручни лица но ништо. Без изглед за решение, се предадов. Тоа е, не можам. Во моментот кога признав, како кефер да ми падна од плеќите и престана напнатоста во мислите. Ми олесни, и ми надојде мир чудесен Божји мир.
Ми испливаа зборови од поуките, од проповедите на нашите Епископи Константин и Милена Кајшаров, во ХЦ Блага Вест во РМ, дека треба целосно треба да препуштаме сѐ на Господ Исус Христос, да Му се довериме Нему, Тој има решение, Тој е излез.
Ми надојдоа зборови во душата и искрено прошепотив “немоќна сум Господе Исусе Христе, незнам и неможам. Ти си Сезнаен Бог, Ти ја инспирираше и водеше и оваа идеја за да се креира токму ваква платформа. Помогни ми.”
По 2 дена, утрото, се разбудив, со едно чуство на леснотија и радост, како Господ да ми вели “Денес ќе ти покажам!”. Полетно ја отворив платформата, и ете од првите 20 полиња како да ми “падна во очи” една “икона” – кликнав. Се отворија 15 нови “полиња”, повторно како да бев сосема сигурна – чуствувам – кликни тука се отворија 10 полиња и така уште неколку пати, до последното поле каде требаше да се пополнат информации за да се извади листата со податоци. Се траеше неполни 5 минути, отворени беа сите листи!
Анализата беше готова 2 дена пред рокот. Не бев изморена, туку со леснотија како да се отворија вратите сѐ да се заврши прецизно и квалитетно. Затоа повторувам, како што кажав погоре, со Господ Исус Христос е лесно, квалитетно, ако Му допуштиме Тој да води.
Затоа и денес Името на Господ Исус Христос Го прославувам, Тој е Жив и кога ќе Му дозволиме да води,НЕ води во успех.
Симона Шошолчева

