Вести

Водното крштавање – почеток на нов живот со Христос

Постојат моменти во животот, кога човекот не прави само избор, туку носи суштински одлуки, кои го менуваат неговиот животен пат. Водното покајничко крштевање е токму таков чекор, одлука човекот да го следи Исус и одлука да живее со Него.

Библиски гледано, водното крштевање не е само обичен обред или традиција, туку надворешна манифестација на внатрешната вера во Господ Исус Христос. И токму зад овој чин, постои длабока духовна порака. Човекот кој поверувал во Христос, јавно ја потврдува својата вера, се покајува за своите постапки и стариот и грешен начин на живот, сведочејќи дека старото останува зад него, а тој започнува ново поглавје во неговиот живот. Односно, потполното потопување во водата ја претставува смртта на човековата грешна природа, а излегувањето од неа е слика на воскресение во нов живот со Христос. 

Имено, самото значење на зборот ,,баптизо” од грчки, значи целосно потопување и токму затоа библиски покајничкото крштевање, се извршува токму така, со потполно потопување во вода, а не со попрскување, ниту со полевање. 

Во Библијата можеме да видиме дека и самиот Исус, иако безгрешен, Тој се крсти во реката Јордан, оставајќи пример за сите што ќе поверуваат во Него. Подоцна, по Неговото воскресение, Тој им заповеда на Неговите ученици, да го проповедаат Евенгелието и да ги крштеваат сите кои ќе поверуваат. 

Затоа, водното крштевање претставува чин на послушност, кон Христовата заповед:

Па им рече: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание. Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. – Марко 16:15-16

Во ХЦ Блага Вест во РМ, продолжува да се практикува овој библиски принцип, каде истиот се извршува како свесна и лична одлука на секој кој верува во Господ Исус Христос.  Оваа недела на 09ти Август, во Струга, секој кој сака да го направи овој важен чекор на исповед на својата вера, може да се пријави за водно крштевање и да започне ново поглавје во својот живот!

Ана Божинова

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

  • 02.03.2026
✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на