Вечер исполнета со силни молитви, заедништво и единство во Духот, во ХЦ Блага Вест во РМ – вечер каде срцата беа допрени од Божјата благодат и наквасени од Божјата љубов.
,,Молитвен час со застапување и заедништво”, кој се одржа во четвртокот на 16-ти јули 2026, донесе посебно чувство на мир и обнова кај секој присутен. А со секоја кажана молитва, се чувствуваше силата на единството и моќта на Божјото Слово, кое охрабрува, исцелува и обновува.
Молитви на благодарност, духовно застапување, војување и објавување на Божјите ветувања – молитви со цврста увереност дека Бог ги слуша оние кои Го повикуваат со искрено срце! Секоја молитва беше израз на верата во Бога и очекување дека Тој одговара во вистинско време и на најдобар начин.


И како тивка утринска роса што ја освежува земјата по долга суша, така и Божјото присуство донесе мир, надеж и освежување кај присутните.
Молитвениот час заврши, но остана уверувањето дека ниту една молитва кажана со вера не е залудна, зашто Бог слуша и дејствува, а Неговите ветувања остануваат непроменливи.

