Начинот на кој го започнуваме утрото може значително да влијае врз нашето расположение, фокус и продуктивност во текот на денот. Особено се важни првите 30 минути по будењето, кога мозокот постепено се „подесува“ за активностите што следуваат.

Според истражувањата, многу луѓе веднаш по будењето посегнуваат по телефонот, ги проверуваат социјалните мрежи, пораките или електронската пошта. Ваквите навики можат да предизвикаат чувство на стрес и преоптовареност уште на самиот почеток на денот, наместо чувство на смиреност и контрола.
Психолозите препорачуваат утрото да започне помирно и посвесно. Неколку минути длабоко дишење, лесно истегнување, запишување мисли или практикување благодарност можат позитивно да влијаат врз концентрацијата, емоционалната стабилност и способноста за носење одлуки.

Иако утринската рутина сама по себе не го одредува целиот ден, експертите сметаат дека малите свесни навики можат да помогнат човекот да се чувствува посмирено, поорганизирано и психолошки постабилно. Токму затоа, начинот на кој ги поминуваме првите моменти по будењето може да има поголемо влијание отколку што мислиме.
Еве еден пример како може да ви започне денот со молитва и благодарност кон Бога:
„Слушни ги Господе, зборовите и воздишките мои, Царе мој и Боже Мој, зашто Тебе Ти се молам! Наутро го слушаш гласот мој, наутро застанувам пред Тебе и чекам. Исполни мѐ изутрина со Твојата милост, Господи, за да се радувам и веселам во сите мои дни!“ – Псалми 5:1-3; 90:14
Росана Христов

