Здравје

Модерната психологија ги потврдува Божјите зборови

Неуропластичноста претставува способност на мозокот да ја менува својата структура и функција во текот на целиот живот, како одговор на искуство, учење, вежбање или повреда.

Основните видови на мозочна пластичност се:

  • Структурна пластичност – промени во физичката градба на мозокот: создавање нови синапси (врски меѓу невроните), зајакнување или слабеење на постоечките, па дури и раст на нови невронски клетки (неврогенеза) во одредени региони.
  • Функционална пластичност – способност на мозокот да ги пренасочи функциите од оштетени делови кон здрави делови, особено важно по мозочен удар или повреда.

Кога учиме нешто ново или повторуваме одредена активност, невроните формираат и зајакнуваат врски преку синапсите.
Оваа активност на мозокот е најголема кај децата и адолесцентите, кога мозокот брзо се развива. Сепак, иако со побавно темпо, продолжува и кај возрасните – затоа учењето нови вештини е можно во секоја животна доба.

Научниците во оваа област открија нешто интересно: создавањето на нови неуроврски е директно поврзано со она што секојдневно го размислуваме и повторуваме. Односно мозокот се прилагодува на нашите мисли. Како функционира ова во практиката: Секогаш кога некој ќе си помисли: „Мене секогаш ми се случуваат неубави работи“, мозокот се тренира создавајќи неуроврски и зајакнувајќи ја способноста за да ги забележува неубавите работи кои се случуваат околу него. Исто така, кога некој има силно внатрешно чувство на благодарност, мозокот создава нови неуроврски зајанувајќи ја способноста да ги забележува сите работи околу човекот за кои тој е благодарен.

Затоа, научниците во оваа област истакнуваат дека секојдневно практикување на „микроблагодарност“, односно размислување за неколку мали работи за кои сме благодарни во секојдневието, може да креира нови неуроврски кои ќе го тренираат мозокот да ги забележува малите, убави работи во животот. Од друга страна, секојдневното примање на негативни вести го тренира мозокот да го гледа лошото насекаде.

Науката го разгледува начинот на кој функционираат системите за филтрирање информации во нашиот мозок, вклучувајќи ги ретикуларниот активирачки систем (РАС), префронталниот кортекс и хипоталамусот. Како ова функционира? На пример, кога веруваш дека одредена ситуација во животот ќе се разреши со позитивен исход, даваш нова насока на твојот мозок. Преку создавање на нови неуроврски, мозокот дава различен фокус и внимание на различни работи. Човекот започнува повеќе да забележува релации, можности и ресурси околу себе кои претходно можеби не би ги забележал. Понатаму, се случува промена и во однесувањето. Кога се очекува добар исход, човекот е похрабар да преземе поодлучни чекори, да го задржи правилниот фокус и да остане истраен дури и кога надоаѓаат препреки. Одговорот на стрес на телото е исто така различен бидејќи мозокот е директно поврзан со ендокриниот систем и го регулира лачењето на одредени хормони.

Божјото Слово уште пред илјадници години ја потврдува релацијата помеѓу верувањето на личноста и исходите од одредена ситуација во животот на таа личност. Самиот Исус Христос на многу места кога од Него било побарано да ги исцели болните луѓе, ја истакнува важноста на верата на луѓето за да се случи исцелувањето:

„А штом дојде в куќи, слепите се приближија до Него. И Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?“ Тие Му рекоа: „Да, Господи!“ Тогаш се допре до очите нивни и рече: „Нека ви биде според верата ваша!“ – Матеј 9:28-29.

И му рече Исус на стотникот: „Оди си и, нека ти биде според верата твоја!“ И слугата негов во истиот час оздраве. – Матеј 8:13.

Сепак, треба да се истакне дека верувањето во позитивен исход од одредена ситуација кај Христијаните има поцврста основа, бидејќи е засновано на Божјите зборови и ветувања. Имено, во Библијата јасно се согледува дека Божјата волја за луѓето е за нивно добро, да живеат ослободени од секакви страдања. Бог е претставен како Совршен родител Кој го сака најдоброто за своите деца. Христијаните, како Божји деца треба да имаат цврсто уверување дека „се им содејствува за добро“, бидејќи тоа се зборови кажани од нивниот Создател Кој е Ултимативен Авторитет, Семоќен и Сеприсутен. Верувањата на луѓето кои не Го познаваат Бог можат да бидат клатливи, променливи и зависни од околностите и новите искуства или емоции, спречувајќи го мозокот да реагира адекватно во одредена ситуација.

Науката потврдува: она што го веруваме директно го тренира мозокот да дејствува на одреден начин, а тоа понатаму влијае на нашето тело, нашата перцепција на информациите околу нас и нашето дејствување. Во духовниот живот, верувањата се исто така клучен фактор за да го примаме се она што Бог, преку Христос го обезбедил за нас и неизоставен дел од духовниот раст и чекорењето во заедништво со Бога.

„Ви велам: Сe што ќе побарате преку молитва ќе добиете, ако имате вера.“ – Марко 11:24.

„Што е вера? Тоа е сигурност дека она на што се надеваме навистина и ќе се случи. Вера е увереност во нешто што не си го видел.“ – Евреите 11:1.

„Содржината е базирана на јавно достапни онлајн информации, со авторска обработка и интерпретација.“

Подготвил: Кристина Димитриевска

Можеби ќе ви се допадне

Здравје

Дали твојата перница работи ПРОТИВ твоето здравје?

  • 25.02.2026
Можеби не сакаш да размислуваш за тоа кога си преморен и едвај чекаш да легнеш и потонеш во сон, но
Здравје

Здрави бајадери

  • 27.02.2026
Има ли некој што не сака бајадери? Овие бајадери се поздрава верзија на оригиналниот рецепт и буквално го имаат тој