Со неизмерна радост, благодарност и срца исполнети со Божјото присуство, се прослави Педесетница во ХЦ Блага Вест во РМ – роденденот на Новозаветната Црква. Атмосфера исполнета со Божја љубов, единство и радост.
На самиот почеток, децата ги разнежнија срцата на присутните со читање на поеми и танцување, покажувајќи дека и најмалите можат силно да сведочат за Божјата добрина и милост. Понатаму, од неколкумина служители, беше споделено Слово со охрабрувачки пораки за Светиот Дух, служењето, почитта и животот посветен на Бога.



Додека пак завршниот дел од Богослужбата, беше одбележан со застапничка молитва и огнено славење на Исусовото име, а посебен момент беше тоа што дел од присутните кои за прв пат беа дојдени, ја донесоа најважната одлука во својот живот – да чекорат во верата и да го прифатат Исус за свој Господ и Спасите



Педесетница останува потсетник дека Црквата не е само институција, туку жив организам, воден од Светиот Дух, а воедно и дека Светиот Дух и денес делува, обновува, исцелува, охрабрува и води.

