Здравје

Посни бомбици – брз рецепт што секогаш успева!

Ако барате брз и вкусен десерт што ќе го подготвите без многу мака – овие посни бомбици се вистинскиот избор! За само 10 минути ќе имате слатко задоволство кое не бара печење, а е идеално за пост, гости или ненадејна желба за нешто слатко. Едноставни состојки, лесна подготовка и резултат што секогаш воодушевува

Потребни состојки:

  • 110 гр мелени ореви
  • 110 гр мелени бадеми
  • 50 гр кокос
  • 7-10 урми (зависи од големината)
  • 10 смокви (мелени во сецко или ситно сецкани)
  • 50 гр мелени бисквити без шеќер
  • 2-3 лажички какао
  • сок од портокал (еден ипол цеден портокал)

Подготовка:
За полесно да се излупат урмите се оставаат 5-10 мин во зовриена вода, се лупат и потоа може ситно да се исецкаат или заедно со смоквите и другите состојки се мелат во блендер или сецко или се замесуваат сите состојки заедно. Се формираат бомбици, се валкаат во кокос или мелени ореви, или во стопено здраво чоколадо со кокосово масло.

Уживајте во овој здрав и вкусен десерт.

Можеби ќе ви се допадне

Здравје

Дали твојата перница работи ПРОТИВ твоето здравје?

  • 25.02.2026
Можеби не сакаш да размислуваш за тоа кога си преморен и едвај чекаш да легнеш и потонеш во сон, но
Здравје

Здрави бајадери

  • 27.02.2026
Има ли некој што не сака бајадери? Овие бајадери се поздрава верзија на оригиналниот рецепт и буквално го имаат тој