„Во тоа време сè уште бев трансродова личност, живеев со мојата бивша. Го купив прстенот, бев на прагот да го започнам мојот живот со неа, но седнав во моето молитвено катче и си велев: „Боже, зошто не гледам пробив во мојот живот Правам сè што требаше да направам.“
Одеднаш, Бог ми проговори и ми даде визија. Во оваа визија, од едната страна имаше маж и жена, а од другата страна имаше маж и маж, жена и жена. Мажот и жената имаа бебиња, и сè околу нив блескаше во една бела светлина. Генерациите се менуваа. А од другата страна, со мажот и мажот и жената и жената, имаше црвена линија под нивните нозе, која преминуваше во црна, бидејќи не можеа да имаат потомство, заради начинот на живот што го избраа.
Гледав во оваа визија, а Бог пак ми проговори и ми рече: „Ги создадов мажот и жената за да можат да се размножуваат и да ја споделат добрата вест за Мојот Син Исус Христос. Ако ѓаволот може да убеди некого, мало момче или мало девојче, маж или жена, дека е геј, лезбејка или трансродна личност, не само што ѓаволот оди против Мојата волја, туку брише цели семејни крвни линии и генерации луѓе што требаше да се родат и да постојат за моја слава.“
Се чувствував целата вознемирана; разбрав дека бев навистина себична целиот мој живот. Сè во мојот живот се базираше на моите чувства. Се чувствував како Бог да ме мрази и грешев. А Бог ме сакаше цело време. Едноставно немав поим за тоа, бидејќи немаше никој што би ми го кажал тоа. Па така, си седев и си плачев, а Бог ме обвитка како со топло ќебе и ми рече: „Те сакам без разлика што ќе избереш, но денес мора да избереш.“ И го избрав Него! Бев преплашена да Го изберам, бидејќи целиот мој живот имав еден поинаков идентитет. Тоа е сè што знаев.
Следниот ден отидов во црква и бев ослободена од демонскиот дух на Језавела. Не знаев ништо за демоните, не знаев дека зад хомосексуалноста стои дух. Не знаев дека зад лажните идентитети стојат демони, но тие постоеја и јас сега тоа го знам. И сега знам дека Џејмс Харли, името со кое се идентификував, беше лажен идентитет. Тоа никогаш не бев јас. Но, ѓаволот ми го украде идентитетот од многу мала возраст и затоа верував дека сум родена така, бидејќи имав 4 години и не знаев подобро.
Сега можам да ви кажам дека мојата желба да бидам со жена исчезна. Мојата желба да бидам маж исчезна. Како што некогаш посакував да бидам маж, сега посакувам да имам маж. Како што некогаш посакував да бидам сопруг, сега посакувам сопруг. И тоа е нешто што мислев дека никогаш нема да ми се случи во животот. Но, откако му дозволив на Бог да промени сè и се ставив во позиција да кажам, „Боже, оставам сè настрана, за да ја исполнам Твојата волја, а не мојата“, тогаш мојот живот целосно се промени.
Сега поголемиот дел од времето го поминувам помагајќи им на луѓето од ЛГБТ заедницата. Слава на Бога! Нека по милоста и благодатта Божја, многу припадници од ЛГБТ заедницата бидат допрени од Божјата љубов, просведочени за својот грев, покајани и спасени преку вера во Господ Исус Христос!
„Не легнувај со маж како што се легнува со жена, тоа е гнасно и одвратно.“ – Левит 18:22
„А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на вражалците, и на идолопоклониците и на сите лажци, нивниот дел им е во езерото, кое гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.“ – Откровение 21:8
„Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.“ – 1 Јован 1:9
Извор: Believeinjesuschristofficial
Превземено од: Posledni Vreminja

