Духовна аптека

Љубовта Божја го преобразува секое срцето

Во срцето на секој човек постои тивка жед за вистината и за живот исполнет со смисла. Од секогаш, човештвото се соочува со прашањето за гревот, казната и надежта за спасение. Но, среде темнината на човечката немоќ, блесна светлина – љубовта Божја, која не остава никого без пат кон избавување. Таа љубов се открива преку Исус Христос, Синот Божји, Кој дојде на земјата за да ја покаже патеката на вистинскиот живот и да ја отвори вратата кон вечноста.

Како и секој човек, и ти грешиш, а Божја казна за грев е смрт, но Бог те сака и ти дава можност да се спасиш од казната за твојот грев, за да живееш во здравје, мир, радост, изобилие. 

Тој Го даде својот Син Исус Христос за сите нас, и за тебе. Тој дојде на земјата, покажа како да живееме, умре на крстот, беше погребан, воскресна третиот ден, се вознесе на небото, жив e и пак ќе се врати. Тој со Својот живот ја плати казната наместо тебе, те оправда од твојот грев, те спаси од последиците на гревот и единствен начин да се спасиш е да поверуваш во Исус Христос и да Го примиш за Свој Господ преку кратка, искрена молитва:

Исусе Христе, признавам дека сум грешен човек, се покајувам и се одрекувам од гревот. Верувам дека Ти си Божјиот Син Кој умре заради моите гревови а Бог те воскресна од мртвите. Те молам биди мој Господ, Ти води ме, управувај со мене и со секој аспект на мојот живот. Фала ти и слава Ти Господе Исусе Христе!

Со ова ти по милост Божја прими дар спасение и вечен живот. 

Потоа, по примерот на Исус Христос, треба да бидеш крстен со водно покајничко крштевање, со целосно потопување под вода. Штом излезеш од вода, стануваш Божјо дете, а Светиот Дух, Третата Личност од Светото Тројство, ја излева Божјата љубов во твоето срце и го оживува твојот дух.

Следно е крштевање во Светиот Дух, по примерот со апостолите на Педесетница. Тогаш Светиот Дух се излева во тебе и ја исполнува целосно твојата душа, волја, мисли, емоции, интелект, и во тебе живее истиот Дух Кој Го воскресна Исус од мртвите, што докажува дека Исус е жив и дека и тебе ќе те воскресне еден ден. 

Понатаму Светиот Дух станува твој Помошник, Утешител, Учител, ти помага да го оставиш стариот грешен начин на живот и да почнеш нов, со молитва, Библија, покорност кон Бога, со надприродна сила, со Божјо водство и заштита, во заедништво со други верници во жива Христова црква, движена ид Светиот Дух, каде се грижат за тебе и те водат во победнички живот преку вера во Господ Исус Христос. 

Затоа помоли се искрено Господ Исус Христос да те крсти со Светиот Дух:

Господе Исусе Христе, верувам во Тебе, Ти си мојот Спасител, Те молам со вера, излеј Го врз мене Светиот Дух, крсти ме во Свет Дух и Оган, облечи ме со сила одозгора, употреби го мојот живот да биде сведоштво за Тебе! Ти благодарам, Те љубам и Те прославувам Господе Исусе Христе, нека биде се според Твојата волја, и нека е вечна Твојата Слава!

Подготвил: Софија Кузмановска

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е