Здравје

Дали потиснатите емоции се најголемата закана за здравјето?

Се чувствуваш ли како да си зарибан, уморен, тежок или тромав? Можеби си мислиш дека тоа е одлика на надворешни влијанија од климатски промени, недостаток на одмор, но веројатно не си знаел дека складираните емоции во физичкото тело го блокираат крвотокот, ги атрофираат мускулите, ги ограничуваат зглобовите, ги обременуваат вратот и плеќите, но што сега?

Разбуди ги емоциите, ослободи ги да излезат на површината, исплачи се потпирајќи се на Исусовото срце, предај Му ги товарите, а потоа раздвижи се, тргни полетно, зашто Тој те држи и никогаш нема да те испушти.

Ти си емотивно битие, но свесното игнорирање на чувствата, значи нивно складирање и меморирање во твоето тело. Затоа некои делови од телото се болни складишта кои не примаат нервен импулс, крвоток, кислород и подвижност. Слушни на што укажуваат твоите зглобови? Што шепоти твојата кожа? Каква песна ти пее срцето? Што меморирале твоите мускули? Емоционалниот товар што се таложел во тебе, те вкочанувал, предизвикувал болка, наметнувал состојба да се доживуваш остарено или ограничено.

Време е од „товарен воз“ да се преобразиш во „пеперутка“, но сакаш ли? Ако си емотивен, не значи дека си виновен. Ти не си виновен што си создаден да чувствуваш. Виновен си ако твоите чувства ги погребуваш додека си жив, бидејќи не им се допаѓаат на другите, ти го немаш тоа право, бидејќи тоа е чин на самонегирање и самоуништување. Не бегај од чувствата, не потиснувај ги, соочи се, подобро е да ги ослободиш отколку да се пројават како алергија, херпес, хипертензија или некоја друга болест.

Како би можел да ги ослободиш? Па, затоа ја имаш молитвата, изнеси ги чувствата низ шепот кон Бога сигурен дека од Него нема да доживееш ни предавство, ни разочарување. Довери Му се, насмевни се и стани поинаков, зашто кога Му ги предаваш најтешките и интимни нешта на Бога, доживуваш леснотија и сила.

Извадок од книгата „Биди поинаков“ од М-р Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Здравје

Дали твојата перница работи ПРОТИВ твоето здравје?

  • 25.02.2026
Можеби не сакаш да размислуваш за тоа кога си преморен и едвај чекаш да легнеш и потонеш во сон, но
Здравје

Здрави бајадери

  • 27.02.2026
Има ли некој што не сака бајадери? Овие бајадери се поздрава верзија на оригиналниот рецепт и буквално го имаат тој