Оддржана Богослужба во ХЦ Блага Вест во РМ, по повод 14-от духовен роденден на Епископ Константин Кајшаров.
Настан одбележан не како класична свеченост, туку како момент на заедништво и благодарност кон Бога.
Централната порака што остана да пулсира во срцата на присутните, беше дека љубовта е „валутата“ со која верниците работат и собираат богатство на небесата. Мисла која беше истакната како суштински принцип за живеење на христијанскиот живот и како водилка во секојдневните односи. Покрај тоа, беше упатен и повик до верниците да живеат со, како што беше нагласено, „Блажената надеж“ — односно сигурно и радосно очекување на враќањето на Господ Исус Христос.





