Здравје

Рецепт за највкусни здрави чоколади

Барате здрав десерт а да не е сув, блуткав туку со богат вкус? Ова е десертот кој ќе ве освои без разлика дали јадете здрави десерти или не, совршени се за сите љубители на микс од чоколадо и овошје. И одлични за лето бидејќи во исто време заблажуваат и освежуваат.
Совршенство на вкус и текстура! Слоевито, превкусно и здраво. Највкусни здрави чоколади со путер од бадем и џем од малини
Состојките можат лесно да се прилагодуваат, а готовите чоколади можат да стојат во фрижидер и по 10 дена.

Потребни состојки:

Долен слој:

  • 120 гр бадеми
  • 50 гр ореви
  • 1 лажица путер од бадем
  • 100 гр исчистени урми (за да омекнат за полесно лупење се ставаат во врела зовриена вода околу 10 мин)
  • 15 гр какао во прав
  • прстофат сол
  • неколку лажици бадемово или овесно млеко, по потреба

Фил од бадем:

  • 130 гр путер од бадем
  • 2 лажици агаве
  • 2 лажици кокосово масло стопено

Џем од малини:

  • 200-250 гр малини или јагоди
  • 100 гр исчистени урми (за да омекнат за полесно лупење се ставаат во врела зовриена вода околу 10 мин)
  • 30 гр агаве

Глазура:

  • 150-200 гр квалитетно црно чоколадо или чоколадни капки без шеќер, со кокосов шеќер или со стевиа

Подготовка:

За долниот слој, сомелете ги бадемите и оревите. Потоа измешајте ги со сите останати состојки и изблендирајте ги во процесор за храна. Рамномерно распоредете ја смесата и притиснете ја на дното од садот (претходно обложен со хартија за печење или фолија за полесно вадење). Најпрактично е да се користи силиконски калап за мафини кој претходно се премачкува со кокосово масло за полесно вадење.

За филот од бадем (вториот слој) измешајте го путерот од бадем со растопеното кокосово масло и агавето. Распоредете го филот врз основата од јаткасти плодови. И ставете во замрзнувач најмалку 1 час за да се стегне.

За џемот од малини претходно извадете ги малините од замрзнувач доколку не се свежи да се одмрзнат, потоа ставете ги во тенџере и со вилушка испасирајте ги, додадете ги урмите исецкани и многу кратко околу 1-2 минути варете ги на пониска температура со постојано мешање. Оставете го да се олади и стегне, потоа рамномерно распоредете го џемот преку филот од бадем и повторно ставете се во замрзнувач неколку часа убаво да се стегне, или во текот на ноќта.

За глазура црното чоколадо со малку кокосово масло го топите на пониска температура во помало а високо тенџере и потоа секоја тортица претходно извадена од калапот за мафини ја потопувате во стопеното чоколадо и ја ставате во чинија обложена со хартија за печење и потоа ги ставате во обичен фрижидер додека не се стегне чоколадото. Еден дел оставате во обичен фрижидер а поголемиот дел во замрзнувач и по потреба си вадите бидејќи се повкусни.

Споделете го рецептот, за да можат и другите да вкусат и уживаат во ова совршенство!

Извор: veganjamcije

Можеби ќе ви се допадне

Здравје

Дали твојата перница работи ПРОТИВ твоето здравје?

  • 25.02.2026
Можеби не сакаш да размислуваш за тоа кога си преморен и едвај чекаш да легнеш и потонеш во сон, но
Здравје

Здрави бајадери

  • 27.02.2026
Има ли некој што не сака бајадери? Овие бајадери се поздрава верзија на оригиналниот рецепт и буквално го имаат тој