Вести

Солзи, молитви и силни сведоштва за Божјата благодат, која моќно се пројави во ХЦ Блага Вест

„Болката исчезна“, „Повторно чувствувам мир“, „Срцето ми се исполни со радост“ – беа само дел од многуте сведоштва што се слушнаа на Молитвената терапија, која се одржа во ХЦ Блага Вест во РМ, каде што присуствуваа луѓе од различни градови во Македонија.

На почетокот, по краткото воведно излагање на Пасторите Спироски и Пастор Ќамил, беше упатен повик до сите кои за прв пат присуствуваат и се уште го немаат примено Исус за свој Господ и Спасител, во молитва да го направат тој важен чекор во животот.

Понатаму, со видео обраќање и вклучување во живо, Епископ Константин Кајшаров се обрати до присутните и се молеше за нив, со што покажа дека дејствувањето на Светиот Дух не може да се ограничи, а потоа службата ја продолжија останатите служители, кои се молеа за исцелување, ослободување и духовна обнова на сите кои пристапуваа за молитва.

Во текот на целата вечер, се чувствуваше силно Божјото присуство, а многумина сведочеа за тоа што доживеале за време на молитвата. За едни таа вечер беше охрабрување, за други почеток на нов животен пат, а за трети уште една потврда дека Божјата благодат и денес допира, обновува и менува човечки животи. Но, заедничко за сите присутни беше благодарноста кон Бога, што ја понесоа во срцата кога заминаа.

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

  • 02.03.2026
✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на