Во рамките на духовната програма „Духовна ризница“, во Христијанската црква Блага Вест се одржа средба посветена на книгата-прирачник „ВЕРУВАЊА ПРЕКУ ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА“ од П-р, М-р Константин Кајшаров.
За време на настанот, четворица учесници преку своите излагања ги претставија главните идеи од книгата, нагласувајќи дека верувањето е клучна сила која го обликува погледот кон животот. Присутните имаа можност да научат како на практичен начин да ги трансформираат погрешните верувањата преку визуелизација во позитивни верувања низ ментални слики!

Ова беше инспиративна можност за духовно збогатување и практично разбирање на принципите изложени во книгата, со порака дека промената на верувањата е пат кон промена на животот.

