Не знаете што да подготвите кога сакате нешто брзо, вкусно и малку поинакво? Понекогаш наједноставните идеи се највкусни – токму такви се солените тостерки, познати и како галети. Со малку состојки и без многу мака, ќе добиете крцкаво и ароматично јадење што секогаш буди апетит.
Потребни состојки:
- 200 гр интегрално брашно од спелта
- 120 мл кисела вода
- 50 мл маслинов зејтин
- 1 лажичка прашок за пециво
- Пола лажичка сода бикарбона
- 2 лажици сусам
- 2 лажици сончоглед
- 2 лажици семки од тиква
- 1 лажица ленено семе
- 1-2 лажички ким (опционално)
- Сол по вкус
Подготовка:
Измешајте го брашното, сода бикарбоната, прашокот за пециво и семињата. Додадете ги маслото, водата и солта. Замесете тесто и направете мали топчиња од тестото. Потоа сплеснете ги малку со рака меѓу дланките и ставете ги на тостер или во апарат за галети да се печат.
Одлични се за здрав доручек. Можете да ги комбинирате со намаз од авокадо, малиџано или доколку не постите со јогурт.
Извор: @biramzdravije

