Во најновата епизода на „КЛУЧ“, Епископ и Пастор Константин Кајшаров отворено зборува на една од најконтроверзните и најинтригантни теми денес – ослободување од демони.
Кајшаров дава библиски одговори на прашања што со векови го интригираат човештвото, објаснувајќи дали демоните навистина постојат, што претставуваат и како делуваат врз човекот. Во разговорот се отвора и темата дали демоните се „духови на мртви“ или нешто сосема поразлично, како и на кој начин луѓето денес се ослободуваат од демонско влијание.
Тој нагласува дека вистинската духовна слобода доаѓа преку верата, молитвата и Божјата сила, а не преку стравот и осудата.
Проследете го целото видео од разговорот со Епископ и Пастор Константин Кајшаров.

