Многу фудбалери кои оваа година беа дел од светсткото првенство во фудбал настапувајќи за своите репрезентации се големи спортски ѕвезди, квалитетни играчи, маркетинг лица на светски познати компании, а можеби и идоли на многу дечиња низ светот кои го сакаат фудбалот. Сепак, на многу натпревари низ ова светско првенство забележавме и еден друг аспект од нивниот живот – нивната вера во Бог.
Се чини дека свесноста дека во животот секое добро ни доаѓа од Бога е голема помеѓу голем дел од овие фудбалски ѕвезди, кои многу често по постигнат гол побрзаа да ја оддадат славата и заслугата на Бог за одличниот настап. Додека медиумите ги издигнуваа овие фудбалски имиња, тие прилично понизно умееа да споделат дека Бог е тој кој им отвора врати во животот и Негова е заслугата затоа што се таму каде што се.
Но не само кога се победува. И по претрпени порази, можеше да се забележат фудбалери кои клекнуваат во молитва кон Бог на теренот веднаш по завршениот натпревар. Имаше случаи каде фудбалери од противнички тимови заедно формираа круг и искажуваа заедничка молитва кон Господ Исус Христос, без разлика на финалниот резултат. Некои фудбалери, носејќи ја нивната опрема накај пресоблекувалните беа забележани и како ги носат во раце и нивните Библии.



Швајцарскиот играч Ruben Vargas по победата на Швајцарија над Босна
Тимот на САД се собира во молитва по победата над Австралија
Играчи на Еквадор и Куракао се молат заедно по завршувањето на меѓусебниот натпревар



Голманот на Гана го води тимот во молитва по натпреварот со Англија
Францускиот играч Desire Doue ја оддава славата на Бог откако го постигнува својот прв гол на ова Светско првенство
По натпреварот помеѓу Германија и Куракао, дел од играчите од двете страни застанаа во заедничка молитва на теренот
Запрашан за ова од новинарите, фудбалерот Felix Nmecha одговори: „Во играта ние сме противници, но по натпреварот ние сме Христијани и сме браќа. Кажавме кратка молитва затоа што веруваме дека Исус се прославува и преку фудбалската игра.



Тимот на Колумбија во заедничка молитва по победата над Гана
По поразот од Норвешка, Бразлискиот играч Danilo Santos клекнува во молитва кон Бог
Парагваецот Mauricio Prado и Германецот Felix Nmecha ги носат своите Библии во стадионот пред меѓусебниот натпревар

Аргентинецот Enzo Fernandez оддава слава на Бог по постигнување на гол во натпреварот против Англија
Молитвата кон Бог пред или по натпреварите не е само за победа. Играчите влегуваат во молитва затоа што имаат благодарност кон Бога, за можноста да се дел од првенството, за здравјето и силата и молитвата не е обид да се влијае на финалниот резултат, туку таа ја отсликува нивната лична релација со Бог. Оваа молитва може да вклучува барање за мудрост, сила и самоконтрола во ситуации на различни притисоци, заштита од повреди или едноставно начин на кој самиот фудбалер Го прославува Бог.
Победата не значи дека Бог го фаворизира едниот тим, ниту загубата значи дека Бог го напуштил другиот тим. Овие фудбалери Христијани знаат дека најголемата победа во животот е во Исус Христос, а не во фудбалскиот резултат.
„Големи дела изврши Господ на нас: ние се развеселивме!“ – Псалм 126:3 – Хрватскиот репрезентативец Mateo Kovacic оддаде слава на Бог, цитирајќи стих од Псалмите од Светото Писмо
„Исусе, Ти благодарам што ми даде да ги искусам овие моменти и да бидам дел од ова. Нема поголемо чувство на благодарност од она што го чувствувам сега. Нека Твоето име биде прославено и издигнато секогаш, и нека ова биде за Твоја слава и чест.“ – Бразилскиот напаѓач Igor Thiago, за можноста да ја претставува својата земја на Светското првенство
Шпанскиот менаџер Luis De La Fuente кажа: „Постои не една, туку илјада причини за да веруваш во Бог.“ Исто така сподели: „Без Бог, ништо во животот нема смисла!“
По победата на Аргентина над Англија и влезот во финалето на првенството, самиот Lionel Messi изјави: „Господ е голем и јас сум благодарен за се и во мојата спортска кариера и во мојот живот!“
Овие фудбалери, покрај верата во Христос имаат уште нешто заедничко – свесноста дека славата, фудбалските натпревари, победите и поразите се времени, но Бог е вечен и непроменлив.
„Содржината е базирана на јавно достапни онлајн информации, со авторска обработка и интерпретација.“
Извор: Ballers In God, Christhlete
Подготвил: Кристина Димитриевска

