Помина една година. Се прашував ќе преживеам ли? Господе ќе се разбудам ли?
Време немав за ништо, освен да кажам на моите најмили дека ги сакам и да не се грижат. Околу мене гледав луѓе физички присутни, но многу страшни, тоа е, се случува, кажуваа, не е лесно да си мајка… Ќе бидам ли добро се прашував? Одговори не добив, сите молчеа и никој ништо не ми кажуваше. Паниката во мене се повеќе растеше. Влегуваа разни луѓе, доктори, стажанти, асистенти, практиканти, го гледаа мојот случај и сите во шок си излегуваа од собата без збор да ми кажат што се случува.
Тогаш почнав да плачам и да го молам Господ Исус Христос да не остане моето дете без мајка. Неможев да мрдам и замолив едно девојче што лежеше до мене да ми дава вода да се напијам. Во сета моја немоќ, ја замолив да ме слика за да видам и да пробам да разберам што се случува со мене.
Се прашував Господе со мене ли си? Зошто ова ми се случува?
Се сетив на една Богослужба од пасторот Константин Кајшаров кога не учеше, како да објавиме со вера во срцето и во името на Господ Исус Христос дека нема да умреме, дека ќе живееме, ќе бидеме добро, ќе го прославуваме Господ Исус Христос и ќе сведочиме за чудата Негови, дека преку раните на Господ Исус Христос ние сме исцелени, оздравени како ништо да не се случило.
Се сетив на книгата Молитвена терапија од пасторот, како да дејствувам со полагање на рацете на повреденото место и објавување на Божјите ветувања на истото.
Ја поставив мојата рака на местото и сето тоа го објавував, дека уште утре ќе ми го извадат катетерот, деќа ќе станам и ќе одам дома заедно со бебето.
Така и бидна, наредниот ден кога ме видоа, повторно беа сите во шок, рекоа денес го вадиме катетерот и ќе си одиш дома. Ме пуштија и ми рекоа дека се е во ред. Но нешто во мене тлееше, нешто ми укажуваше дека не е се во ред.
Закрепнував дома, а крварењето не престана. Три месеци слушав дека е нормално и дека ќе запре. Раните се исцелија, помина уште една Богослужба онлајн, го пратев исцелувањето што се одвиваше во живо и земав Господова спомен вечера заедно со моите пастори Константин и Милена и моите сестри и браќа по вера. Објавував дека Крвта Исусова тече во мене и ме прочистува. После празниците кога отидов на преглед ми кажаа дека три месеци во мене имало останата плацента 7см и дека само Господ Исус Христос сеуште ме држи жива.
Тогаш почнав да плачам од радост дека Исус навистина е со мене, но и од жал во срцето што се посомневав и го прашав дали е со мене…
Веќе не се плашев за следната процедура, бидејќи знаев дека сум во Негови раце се препуштив во Неговите раце и се беше добро како што е пишано во Римјани 8:28 дека се содејствува за добро на оние кои го љубат Бог!
Денес со целото мое срце му оддавам слава и фала на Господ Исус Христос и благодарност што е жив и за се што прави во мојот живот. Исус ми е се и јас денес можам да кажам дека јас веќе не живеам Христос живее во мене!
Мила Т. Драгановска

