Очевидци

Кога никој не можеше да го смири детето, молитвата му донесе мир

Еден прекрасен ден, заедно со сопругот ги однесовме трите внучиња во голема модерна игротека.
Имаше повеќе деца, а едно од нив, на возраст од околу 5 години, беше немирно, непослушно, имаше изобличен лик и покажуваше агресивно, злобно и насилно однесување кон другите деца. Девојките кои ги чуваа децата се обидуваа да го смират но не успеваа, го повикаа неговиот татко, но ниту тој не успеваше до го смири.

Препознав дека зли сили го беа нападнале детето и делуваа преку него. Заради непријатната атмосфера ги облеков внучињата и ги однесов надвор кај сопругот, а јас се вратив во игротеката. Во еден агол од просторијата таткото со уште еден човек безуспешно се обидуваа да го облечат детето кое беснееше на подот.

Се приближив и го прашав дали ќе дозволи да се помолам за детето, а тој веднаш ми дозволи. Цврсто го фатив детето кое лежеше на подот фрлајќи се од бес, и се помолив за негово ослободување, со силата, власта и авторитет во името на Господ Исус Христос. Детето прво се бореше силно, а по некое време се смири, се опушти и ликот му се смени. Го гушкав со љубов, молитва и благослов за мир Божји на тоа мало детенце, кое зли сили го мачеа него и сите околу него, без да знае.

Фала и слава на Бога за ослободувањето и смирувањето на тоа дете.
Сето тоа е опишано во Библијата, јас само го применив на начин како што научив во мојата црква Блага вест во РМ, од моите пастори, Еп. Константин и Милена Кајшаров, како дел од живото христијанство кое го спроведуваме во пракса. 

Подготвил: Софија Кузмановска

Можеби ќе ви се допадне

Очевидци

Повик кој го спаси животот на мајка ми

  • 24.02.2026
Повик за помош кој никогаш нема да го заборавам, зборови кои никој не сака да ги слушне и не ги
Очевидци

Докторите и предвидуваа само уште два дена живот, но се случи нешто натприродно

  • 25.02.2026
“Ѝ останаа уште два дена живот на вашата ќерка” – овие зборови точно на полноќ како ехо одекнуваа низ празниот