1. Дали е возможна телепортацијата, од едно место за миг да се најдеш на друго место?
– Секако дека да, тоа е опишано во Новиот Завет од Светото Писмо во примерот со Филип:
„И заповеда да застане колата, и двајцата – Филип и Етиопјанецот – слегоа во водата. И го крсти. А кога излегоа од водата, Господовиот Дух го зеде Филипа, и Етиопјанецот веќе не го виде. Но продолжи радосно по својот пат. А Филип се најде во Азот, а потоа, поминувајќи го проповедаше Евангелието, по сите градови додека не дојде во Ќесарија.“ – Дела 8:38-40
Секако не станува збор за астрална проекција која претставува излегување на душата од телото, туку целосно транспортирање на телото кое беше реализирано од Господовиот Дух, Тој е Светиот Дух од Светото Тројство. Вие доколку имате Божји повик или мисија Светиот Дух ќе ви ги тргне бариерите и ќе ви овозможи отворен пат за да бидете инструмент во Божји раце како Филип кој откако беше пренесен во градот Азот почна да го проповеда Евангелието. Да се биде во точното време на правото место е возможно по Божја промисла.
Но имитатор на Бог е ѓаволот, кој со мистични древни учења го инфицира скриениот научен оддел, кој од Втората Светска војна е во потрага по тајни и окултистички практики. Тие се независна служба финансирана од повеќе држави и се во служба на антихристот. Преку нив денес веќе се разработени технологии што со забрзување овозможуваат надминување на маса, простор и време и телепортација на тело не само од едно до друго место туку и нешто кое е слично на патување низ времето.
2. Како да го доживееме натприродното во секојдневниот живот, да искусиме поместување на предмети, телепатија или нешто друго?
– Копнежот на човекот по необичните појави може да биде мотивиран од желба за доминација, моќ и контрола или пак со цел да се служи на другите. Доколку сакате да искусите натприродно секојдневие тоа треба да почне со позитивни и чисти намери кон другите луѓе, да се биде спремен да им се помага на сите. Потоа вашиот приоритет да стане Господ Исус Христос, медитирајќи на Неговото учење и следејќи Го Неговиот пример. Потоа вашиот ум започнува да се преобразува преку Светото Писмо и во тој процес можете да ја менувате мозочната активност со мозочните бранови. Во алфа и тета мозочни бранови вие можете во вашата подсвест да ги преобразите вашите ограничувачки верувања, а потоа во вашата надсвест да искусите единство со Светиот Дух кој ќе ви даде духовен дар за натприродно дејствување.
Сето ова е дел од менторската програма Т- Ум што е можност за промена на реалноста преку верувањето во Бога.

3. Дали можеме да гледаме преку предмети или во други соби? Дали можеме да видиме ентитети, духови или ангели или да видиме што ќе се случи во блиска иднина?
– Да, тоа во парапсихологијата се нарекува екстрасензорна перцепција и може да биде под влијание на нечисти сили, но кога сме под водство на Светиот Дух тогаш очите кои избиструваат се очи кои гледаат во 4-та Димензија. Тоа духовно гледање е поврзано со Духовни очи или око кое може да ги перцепира невидливите нешта, дури и во тродимензионалниот свет кој не опкружува. Ако не се користи флуор (најчесто од паста за заби), засилувачи на вкус како натриум глутаминат (во некои супи, чипсови и храни) како и невротоксични материи, тогаш ќе се спречи калцифицирање на епифизата.
Епифизата е жлезда која се наоѓа меѓу двете мозочни хемисфери и кога не е калцифицирана таа се активира преку електрицитет инициран со нашата волја под дејство на Светиот Дух и со поглед (молитва) кон Христос. Тогаш умот може визуелно да ги согледа Божјите замисли и планови. Во таа повисока состојба на умот можете да го видите составот на материјата, да гледате преку ѕидови, да откривате исчезнати лица или предмети или да дознавате што Бог планира со некои ситуации во идно време. Секако во тоа помага понизното срце, постот и копнежот за средба со Бог.
Тоа е возможно, реално и достапно. Јас сум го доживеал не со мој напор туку по Милост на Бога, а за деталите како да се слуша Божјиот Глас и како да се примаат визии, имам разработено разни обуки.
Јас порано сум бил многу навлезен и во непријатни сфери на езотеријата кога не бев спасен, но после моето новораѓање од 2012 година живеам во заедништво со Бога. Најголемо достигнување е единството со Него преку верата во Господ Исус Христос, тоа е смислата на постоењето, ако тоа е основа на која стоите, Светиот Дух ќе ви даде многу нешта во служба за Царството Божјо и за помош на човештвото.
Дел од Интервјуто на тема „Четврта Димензија“ со Константин Кајшаров, Епископ и Пастор во Х.Ц. Блага Вест во РМ, М-р. по Кинезитерапија, М-р. по Клиничка и Советодавна Психологија и магистрант по Теолошки науки.
Дел од интервјуто го подготви: Редакцијата на Благодат

