Сила

Неизвесноста и стравот исчезнуваат кога ќе се повлечеш во тивка молитва и доверба кон Бога

Што е тоа што ти носеше немир? Нели тоа беа грижи и стравови? Што ќе се случува понатаму? Што ќе биде со твојата работа, семејството? Дали ќе биде сè во ред?
Неизвесноста и грижите носат длабок немир во срцето и во умот на човекот. Тоа те прави да си затрупан со многу тежина и да немаш ни радост ни слобода. Но немој така, не се измачувај, бидејќи тоа досега те носеше во страдање, немир,страв…

Научи се сега твојата вера да ја изразуваш кон Бога, со доверување, предавање и потпирање на Него. Ова ти е практичен начин како твоето срце и твојот ум да бидат зачувани, а ти безгрижно да ги добиваш Божјите благослови со благодарно срце. Како тогаш да се молиш на Бога?

„A ти кога ќе се молиш, влези во својата соба, затвори ја вратата и помоли Му се на
твојот невидлив небесен Татко, Кој го гледа тоа што е тајно и ќе те награди јавно.“
Матеј 6:6

Твојот однос со Бога треба да е личен, затоа често поминувај време со Бога, а тоа значи
повлечи се од светот и од обврските, дозволи да имаш време кое го поминуваш само со
Бога. Тоа не е бесплодно, напротив успесите во твојот живот зависат најмногу од тоа дали
ти поминуваш време со Бога, и така ќе ја примиш наградата јавно за тоа што се молиш на
Бога во интимна релација.

Во молитвата потребно ти е да имаш вера, зошто молитвата со верата е комбинација која
те прави очевидец на многу Божји чуда. Исус тоа ни го појаснува дека со верата во Бога
кога ќе изустиме нешто или побараме со благодарност, тоа ќе биде, ќе се реализира, ако
истото за кое сме се молеле поверуваме дека е Божја Волја и ни следува по Божја Милост.
Ова се Исусови зборови и ако ги примаме во срцето и ги послушуваме, тогаш:

Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде.“
Јован 15:7

Извор: „Знаеш ли дека си сакан“, од пастор Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Сила

Молитва за спасение

  • 10.03.2026
Господе Семоќен јас осознав дека Твојата совршена волја било Исус Христос Твојот Возљубен и Единороден Син да Го дадеш да
Сила

Постапка за растурање на магии во Име на Господ Исус Христос

  • 10.03.2026
Треба да (по)верувате во Господ Исус Христос и да бидете крстени во Име на Отецот и Синот и Светиот Дух