Евангелска Вистина

Прилепскиот исцелител растура магии и крши проклетства до 4 колено

Тој е скромен човек од Прилеп, татко на 2 деца, жена му е воспитувачка, многу добро семејство, зборуваат прилепчани за исцелителот Ќамил Зекировски.

Една жена М.Р. 44 год. имала мигрена дури со онесвестување, но само со еден допир од Ќамил, нејзиниот проблем се решил, а нејзините роднини се чуделе. 

Имало едно семејство кое постојано имало проблеми, не знаеле што се случува и лутале по бајачи и гледачи, на крај отишле кај Ќамил, а тој веднаш кажал дека се работи за црна магија. Со молитва ја исчистил таа состојба и семејството веднаш почувствувало леснотија и напредок.

Еден муслиман А.Е. 54год., бил целосно обземен од демон и не знаеле каде да го однесат, разбрале за Ќамил од Прилеп и го однеле во местото кадешто служел. Кога Ќамил почнал да се моли, човекот почнал да ‘ржи, потоа се тресел, викал и на крај паднал на подот. Додела бил на подот се движел како змија, но Ќамил викнал силно во името на Господ Исус Христос да замине тој демон и наеднаш човекот силно искашлал и се смирил. Потоа се исправил со свежо лице и ослободен од сите проблеми.

Една жена В.А. во поодминати години била многу загрижена од појавата на тумор во нејзината глава, решила да отиде кај Ќамил и после молитва и помазување со масло, таа се исплакала, осетила топлина и се смирила. На наредната лекарска контрола резултатите покажале дека немало тумор повеќе.

Ова се примери за исцелителната служба на Ќамил Зекироски кој е Пастор во Христијанска Црква Блага Вест во Прилеп. Тој кажува дека силата за исцелување доаѓа од Светиот Дух и се манифестира во име на Господ Исус Христос.  Многу луѓе поверуваа во Бога и станаа верници во оваа Црква во Прилеп откако доживееа исцелување и го слушнаа Евангелието за Божјата Благодат преку службата на Пастор Ќамил. Иако е служител, некои кажуваат дека е исцелител, друг дека е советник, но со понизното срце и благата насмевка, тој секогаш вели дека Господ е Тој кој исцелува и спасува. Поуките, семинарите, советувањата и молитвите кои ги споделува Пастор Ќамил со верниците, прават животни промени, затоа голем е интересот и желбата да се биде член на Прилепската Црква каде што тој служи. 

“Има решение за проблемите, има излез, има лек, Бог ни го дал Пастор Ќамил да не води по Божјиот Пат”- коментираат луѓето од населбата Тризла. Но, на неговата служба не се радува секој, имено некои од пасторите на локалните цркви, се противат на учењето и движењето на Светиот Дух и многупати се обидувале да го понижат и дискредитираат овој Божји човек, дури и да ги прелажат оние што одат таму. Сепак тие освен празни зборови и шпекулации, немаат кредибилитет и немаат служба за исцелување, за помош од демони, магии и проклетства, со која се покажува дека Бог работи низ нив. Пастор Ќамил е Божји помазаник, живее во Тризла, но не се срами да каже дека иако е Ром, пред Бога сите се еднакви. Кај него одат интелектуалци од Прилеп, локални луѓе, жители од Охрид, Битола и Ресен и се радуваат на Богослужбите кои тој ги реализира секоја Недела. Тие споделуваат дека откако се членови во Црквата Блага Вест, постојано се заштитени и живеат во благослов, како да им се отвориле сите врати. 

Пастор Ќамил соработува и заедно служи со Епископ Константин Кајшаров во динамично исцелително и ослободувачко служење во име на Господ Исус Христос. Двајцата ги рушат религиозните догми и обреди и затоа често се мета на критики. Нивното верување и учење е основано на Светото Писмо и целосно се зависни од Светиот Дух. Службите кои ги вршат во Црквите се бесплатни иако многупати нивните противници тврдат дека го правеле тоа за пари, само да ги одбијат луѓето од Божјата Милост. Пастор Ќамил добива признанија од многу Црковни заедници од регионот и странство како и понуда да се исели од Прилеп, но неговиот избор засега е да служи во Прилеп. Прилепчани сега знаат каде да се обратат за помош.  

Лидија Евангелика

Можеби ќе ви се допадне

Евангелска Вистина

Киднапирана, но непокорена – приказната за Мис Стоун и нејзината пожртвуваност во ширењето на Радосната Вест

  • 24.03.2026
Бог никогаш не ги заборава своите, дури и во оние тешки моменти кога луѓето мислат дека Бог заборавил на нив,
Евангелска Вистина

Беше современ револуционер и пратеник од Бога кој го покажа излезот од секоја криза за Македонија

  • 25.03.2026
Можеби навидум обичен човек и класичен тип на претседател на држава, но дефинитивно беше личност која се издвојуваше од сите