Евангелска Вистина

Киднапирана, но непокорена – приказната за Мис Стоун и нејзината пожртвуваност во ширењето на Радосната Вест

Бог никогаш не ги заборава своите, дури и во оние тешки моменти кога луѓето мислат дека Бог заборавил на нив, Тој праќа гласници коишто зборуваат за Него и носат порака која дава живот. Таков гласник беше испратен во Македонија уште многу одамна, во време кога населението се соочуваше со безнадежност и безизлезност од турската окупација и тоа беше жена – Елен Марија Стоун, позната како Мис Стоун.

Мис Стоун (Miss Stone) била американска протестантска мисионерка која минувала низ градови и села во Македонија, во периодот од 1898 година, па се до 1902 година, ширејќи го Евангелието за Христос, поучувајќи ги луѓето на основите на верата во Бога- како да се молат и да имаат личен однос со Бога, читајќи го Светото Писмо.

Таа била неуморна и посветена во мисијата, одејќи од врата до врата, од село до село, дење и ноќе, дури и по опасност за својот живот, смело ги охрабрувала и поттикнувала луѓето на жива вера во Господ Исус Христос, носејќи ја Радосната Вест за Христос во сечие срце, во секој дом.
Бидејќи жените и децата во тоа време биле необразовани, Мис Стоун преку Библиски текстови ги учела како да читаат и пишуваат, што покажува дека била максимално предадена во мисијата за која Бог ја повикал. Делокругот на нејзиното дејствување бил во Источниот дел на Македонија, поточно во Струмица, каде тамошното население ја прифатило со радост и она кое што таа го зборувала дало плод во нивниот секојдневен живот.

И токму кога Божјата Светлина преку Евангелието проблеснала во срцата на македонскиот народ, се случи нешто неочекувано… Мис Стоун била киднапирана од четата на Јане Сандански и бил баран многу голем откуп за неа. Иако делувало страшно, сепак односот на комитите кон неа бил сосема коректен, дури и пријателски, за да по 6 месеци биде платен откуп и таа била пуштена на слобода.

Иако после овие случувања таа веднаш се вратила во Америка, сепак резултатите од нејзината служба за Бога предизвикале трајни промени во животот на луѓето во Македонија, а последиците од таа духовна реформа се видливи и денес. За храброста и пожртвуваноста на Мис Стоун во ширењето на Библиското христијанство во Македонија се зборува и ден денес, оставајќи ни пример дека без разлика на околностите, нашиот фокус секогаш треба да биде кон Христос.

Јулијана Спироска

Можеби ќе ви се допадне

Евангелска Вистина

Беше современ револуционер и пратеник од Бога кој го покажа излезот од секоја криза за Македонија

  • 25.03.2026
Можеби навидум обичен човек и класичен тип на претседател на држава, но дефинитивно беше личност која се издвојуваше од сите
Евангелска Вистина

Духовен реформатор кој ја разбуди Македонија со жива вера во Господ Исус Христос

  • 27.03.2026
Има луѓе кои што живеат како и сите други, претопувајќи се со широката маса народ, но ретки се оние кои