✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на Светиот Дух како богатство дадено од Таткото Небесен, а Пастор Ќамил Зекироски зборуваше за значењето на будна вера, која секој христијанин треба да ја има и практикува.
👉 ШТО Е БУДНА ВЕРА? – ТОА Е ВЕРА КОЈА ДЕЈСТВУВА И ЗБОРУВА ДА МУ ВЕРУВАМЕ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС!
✅️ Епископ Константин Кајшаров истакна колку е голема нашата одговорност како христијани, кога нашата вера е будна ни налага да ја шириме Радосната Вест и Евангелието на мирот до секое создание, како наша обврска и задача, без исклучок.
Потоа имавме групна молитва каде присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад.
Радосни, благодарни и ослободени Му оддадовме слава и благодарност на нашиот Господ Исус Христос со прославителни песни препуштени во Духот!




