Сила

Прокламација за надминување на беда, грижи и немаштија

Господе Исусе Христе јас не се грижам за ништо, еве во молитва и молба со благодарност Те молам, излеј Господе од Твоите благослови, јас Го слушам Твојот глас и Ти благодарам што ме благословуваш и во моите житници и во секој потфат на мојата рака.
Ти си Господе Силен и сета благодат се излева врз мене во изобилство, за да имам во сѐ секогаш сѐ што е потребно и да ми остане за секое добро дело.
Благословен биди Господе, зашто го послуша гласот на моите молитви!  
Да биде благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови, во Христа, со секаков духовен благослов во небесните места.
(се заснова на Филипјани 4:6, Второзаконие 28:8, Ефесјани 1:3, Псалм 28:6, 2 Коринтјани 9:8)

Извор: “Рефлексија на Христос – Исцелување со Слово” од Пастор Константин Кајшаров  

Можеби ќе ви се допадне

Сила

Молитва за спасение

  • 10.03.2026
Господе Семоќен јас осознав дека Твојата совршена волја било Исус Христос Твојот Возљубен и Единороден Син да Го дадеш да
Сила

Постапка за растурање на магии во Име на Господ Исус Христос

  • 10.03.2026
Треба да (по)верувате во Господ Исус Христос и да бидете крстени во Име на Отецот и Синот и Светиот Дух