Со години живееше во страв дека ако некој ја дознае вистината, ќе изгуби сè што му беше важно.
Имаше прекрасна жена и две ангелчиња Ема и Андреј, кои ги сакаше најмногу од сè.
Имаше дом, работа и добар углед. Однадвор изгледаше како човек на кој ништо не му недостасува. Но, зад насмевките, семејните фотографии и неделните ручеци, ја криеше тајната што никому не ја кажуваше.
Ја сакаше својата жена како сопатник во животот, но при секоја помисла на неа му се појавуваше некоја внатрешна борба, која не знаеше како да ја запре. Со години веќе живееше двоен живот. Дел од него се обидуваше да биде човекот што сите го гледаа, а другиот дел го влечеше онаму каде што му се јавуваше вина, страв и немир.
Никој не знаеше дека веќе 12 години се гледа со друг маж.
И како поминуваше времето, се потежок стануваше товарот што го криеше. Живееше во страв дека ќе биде откриен и ќе го уништи семејството. А најлошо од сè беше што не си го знаеше сопствениот идентитет – дали е човекот кој што го гледаа другите или оној кој што го криеше во себе.
Не можеше веќе ни во огледало да се погледне, зашто не сакаше да го гледа човекот кој ги лажеше оние кои најмногу го сакаа. Беше уморен од лагите, од животот во кој секој ден глумеше нешто што не беше.
Еден ден сосема случано го сретна Бојан, пријател со кој се познаваа уште од студентски денови. Седнаа во блискиот кафиќ на „чашка муабет“ што се вели и во разговорот во кој зборуваа за сосема обични работи, Бојан забележа дека не е истиот, што го памети од поодамна. По кратката пауза, Никола самиот му се отвори. Не му раскажуваше детали, но му призна дека живее под огромен внатрешен притисок, дека има внатрешна борба која му прави голем немир, страв, а веќе некое време му се одразува и на неговото здравје. Се почесто му се јавуваа тахикардии, губење здив и на моменти како да губи свест.
Бојан само го слушаше и откако заврши, му предложи во сабота, ако сака, може заедно да одат на исцелителна служба, која ја организира Христијанската Црква Блага Вест. Таму под водство на Пасторот Константин Кајшаров, кого Бог многу моќно го употребува, се случуваа бројни исцелувања на луѓе од разни болести и разрешувања од секакви емоционални состојби.
Бојан веќе некое време е дел од оваа Црква и тоа некако се приметуваше во него, не само по начинот на кој разговараше, туку и во смиреноста и вниманието со кое слушаше, нешто кое претходно не беше дел од неговиот карактер.
Без многу да размислува, Никола прифати, воден од помислата дека мора да стави крај на сè што внатрешно го мачеше.

Дојде сабота и заедно со Бојан отидоа на местото на настанот. Голема сала, огромен број на луѓе од различни возрасти, дојдени од различни места, секој со својата приказна и со својот „товар“.
Измешани чувства, возбуда и неизвеснот, но и цврста одлука!
Кога беше упатен повикот за молитва, луѓето почнаа да пристапуваат напред, а пристапи и тој. Кога Пасторот Константин се приближи да се помоли и ја насочи раката кон него, во еден миг, како некој топол бран да проструи низ неговото тело и почувствува како да му попуштаат нозете. Следниот момент веќе беше долу, легнат на душеците, облеан во длабок мир.
Кога заврши молитвата, изгледаше малку збунето и кога заминуваа, единственото прашање, кое што му се вртеше низ главата беше „никогаш не сум го сретнал Пасторот Константин, а знаеше сè за мене“.
Во деновите после тој настан, се навраќаше на сцените од исцелителната служба, на луѓето, на зборовите од молитвата, на необјаснивиот мир кој го доживеа. Сè уште ја криеше тајната и живееше со истите борби, но самиот почна да забележува дека повеќе не беше заробен во нив.
Дружењата со Бојан зачестија, присуствата на Богослужбите во Блага Вест исто така, а во одлуката да се промени, добиваше голема поддршка како од Пасторот, така и од останатите верници и полека почна неговата внатрешна трансформација.
Ги прекина работите кои го држеа во двојниот живот и почна да учи како да живее во Вистината. Го избра Христос и тргна да чекори по Неговиот пат. Целосно му го предаде својот живот Тој да Го управува и дозволи Божјата љубов да го води, а не стравот. Ако и ти водиш борба во себе или живееш приказна што никој не ја гледа, но копнееш за промена – Христос ти нуди нов почеток! Направи го твојот прв чекот и приклучи се во ХЦ Блага Вест.
Вера М.

