Вести

Чудна е Црквата Блага Вест во РМ

Христијанска Црква Блага Вест во Република Македонија претставува најсилна, најпросперитетна и највлијателна харизматско-пентакостална заедница во државата, препознатлива по силното делување на Светиот Дух, молитви за исцелување, ослободување од зло, раскинување духовни врски и практикување на духовните дарби. Многумина сведочат дека токму тука повторно ја пронашле надежта, мирот и радоста во животот преку верата во Господ Исус Христос.

Главното седиште на црквата е во Скопје, а цркви и верници има во повеќе градови низ Македонија, обединети во една визија, една вера и една духовна мисија.

Христијанска Црква Блага Вест во РМ е единствен официјален претставник во Македонија на Church of God, Кливленд Тенеси – светска христијанска деноминација присутна во 197 држави, а основана во 1882 год. Оваа црква е под водство на Константин Кашаров, кој служи како Епископ и главен надгледник на Црква Божја за Македонија, заедно со неговата сопруга Милена Кајшаров, а оваа заедница расте во сила, влијание и духовен авторитет.

Црквата прерасна во доминантна духовна сила препознатлива по својата продуктивност, духовна свежина, креативност и силно присуство во јавноста, а посебно се издвојува по моќното евангелизирање преку социјалните мрежи и современи медиуми, преку видеа, поуки, хуманитарни активности, сведоштва, книги, музика и преводи на повеќе јазици, каде пораката за спасение и Божја љубов секојдневно допира до луѓе како во Македонија, така во Европа и низ целиот свет, а оваа заедница остава силен духовен белег во современото време.

Во оваа црква се верува во Троединиот Бог – Отецот, Синот и Светиот Дух. Не се гради религија, традиционална форма и празни ритуали, туку жива вера, личен однос со Господ Исус Христос и реално духовно искуство. За разлика од другите цркви и многу места каде верата останува само обичај, во оваа црква нема да сретнете икони, ниту палење свеќи, ниту пак вршење ритуали.
Тука најголемата активност е насочена кон славење на Божјото име со авторски современи христијански песни, поучување од Светото Писмо – Библијата, како и духовно дејствување со авторитетот на Господ Исус Христос за исцелување, ослободување од зло и пророкување. Овој жив и огнен пристап е препознаен и надвор од државата, поради што служителите од оваа црква редовно се поканувани во други земји за да носат вера, радост и духовно разгорување.

Епископите Кајшаров својата мисија ја објавуваат како Живо Христијанство – бидејќи тоа е живот во благодат, сила и вистина. Ова е заедница каде секој има право да го каже своето мислење, да биде прифатен, да расте духовно и да се стреми кон практикување на духовните дарби и активно учество во Божјото дело.

Ако човек искрено копнее по вистината, по Божјо присуство и по нов почеток, Христијанска Црква Блага Вест во Република Македонија е место што вреди да се доживее. Тоа не е само црква – тоа е живо духовно семејство.

Софија Кузмановска

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

  • 02.03.2026
✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на