Има луѓе кои што живеат како и сите други, претопувајќи се со широката маса народ, но ретки се оние кои одат спротивно од течението на водата и со своето делување се будилници на новото време, па така не можат да останат незабележани. Таквите личности се трн во око за другите, но истовремено се авангардни и нестандардни, па затоа најчесто се омаловажувани и етикетирани од оние кои не можат да ги разберат.
Кога ќе се спомне неговото име во јавноста, секој мисли дека може да каже што сака, но само оние кои вистински го познаваат, со сигурност можат да посведочат каков човек е Константин Кајшаров.
Осврнувајќи се на неговото минато, а не на тоа што е тој денес, оние кои што беа загрозени го нарекоа контраверзна личност кон која секој што пристапува треба да преиспитува, но реалноста покажува нешто сосема различно. Неминовно е прашањето дали навистина еден млад човек од мал град со копнеж да им помага на луѓето беше толку опасен што за него почнаа да пишуваат портали, форуми, дури да го има на вечерните вести на тв, а како тоа да беше малку, дури и православните и протестантските Цркви почнаа да предупредуваат за него дека бил лажен учител.
Во минатото бил пејач и практикувал new age доктрини, сѐ до 16 Март 2012 година кога доживеал Богојавление – лична средба со Господ Исус Христос и од тогаш тој е ревносен пропагатор на Евангелието за Христос не само во Македонија, туку и во светот.
Револуционерната мисија на Константин Кајшаров која ја слушнал од Бога е наречена Живо Христијанство, а тоа значи да се следи Исус и да се дејствува со дарбите на Светиот Дух, да се изгонуваат демони, луѓето да се ослободувани и исцелувани, секој верник да има активна вера и тоа да го врши во Името на Господ Исус Христос.

Преку оваа мисија дадена од Бога, Константин го разнишал религиозниот систем во традиционалните цркви и ги поттикнал верниците да излезат од духовната летаргија и традиционалната религија. Исплашени дека може верниците да си заминат од нивните цркви, загрозени од неговото служење и стравот од укинувањето на нивните донации од Западно Европските земји и Америка, локалните пастори започнале да зборуваат лошо на верниците и да го дискредитираат Константин.
Така тој станува најпрогонуван служител во Македонија кој се соочува со прогонства, неможност да изнајмува сала во градот за големи настани и Исцелителни служби, етикетиран со најлоши епитети од исплашени верници, искусил и закани од луѓе кои не читале Свето Писмо, но тргнале да ја бранат нивната Црква со патриотски изговор.
Денес Константин како Пастор и Епископ на Христијанска Црква Блага Вест во Р.М. кој ги практикува духовните дарби, ги обучува и верниците да дејствуваат како духовни оперативци. Некои го нарекуваат егзорцист, а некои исцелител, но пред сѐ тој е служител на Бога, великодушен човек од доверба и духовен татко на најбрзорастечката Црква во Македонија. Покрај духовните служби, тој е драмски тенор и има издадено 17 музички албуми со христијанска модерна музика, но исто така е автор на над 40 книги со христијанска содржина.
Од професионален и стручен аспект, Константин Кајшаров е Магисер по Кинезитерапија, Магистер по Клиничка и Советодавна Психологија и магистрант по теолошки науки. Неговата стручна компетенција ја спроведува како програма за трансформација на умот Т-Ум во Центар за терапија и Едукација „Елан“ како професионална помош за луѓе кои се соочуваат со депресија, анксиозност, зависности, емоционално оптеретени и трауматизирани луѓе како и други проблеми. Службата којашто и ден денес ја извршува за слава на Бога сеуште има пречки и предизвици, но учењето
е основано на Светото Писмо и духовната практика е зависна од водството на Светиот Дух.
И покрај сето она со кое се соочува, со сигурност можеме да кажеме дека Константин Кајшаров е Божји човек кој не живее за светот, туку за Бога, ширејќи ја Радосната Вест за Христос во огнено служење какво што досега не било видено во Македонија.
Јулијана Спироска

