Духовна ризница – настан одржан во ХЦ Блага Вест во РМ, посветен на разработка на книгата „Како да го слушаш Божјиот глас“ од Пастор Константин Кајшаров.
На овој настан, зборуваа повеќемина говорители, браќа и сестри од Црквата, кои истакнаа дел од главните поенти од книгата. Имено, тие споделија за важноста на личниот однос со Бога и слушањето на Божјиот глас, што не претставува само духовен концепт, туку и начин на живот преку кој човекот може појасно да ја препознае Божјата волја и насока.


Говорителите потенцираа, дека во време исполнето со бучава, стравови и различни влијанија, човекот сè повеќе има потреба да го слуша Божјиот глас и тој да биде компас во неговиот живот.




Беше нагласено и дека на тој начин, преку слушањето на Божјиот глас, верникот може да ја исполнува Божјата волја.
Вистинско охрабрување и поттик за поголем интерес на оваа тема.
Бог и денес зборува и секој кој копнее да го препознае Неговиот глас, токму оваа книга може да биде почеток на едно подлабоко духовно патување, но и практичен водич за појасно истиот да го препознае.

