Пред да постојат болници, пред постоењето на лекарства и терапија какви што ги знаеме денес, во Библијата, во една од приказните за царот Давид ја откриваме музиката како лек, односно како терапија која помага за надминување на некои состојби во човечкиот организам.
Голем број студии од областа на неуронауката ги потврдуваат благопријатните бенефити од одредена музика за човекот.
Една од сториите за Давид и царот Саул објаснува како царот Саул страдал од депресија, но секогаш кога младиот Давид доаѓал кај него и свирел на харфа, духот на депресија заминувал од Саул и неговата состојба значително се подобрувала.
„И секогаш, кога злиот дух доаѓаше врз Саул, Давид ја земаше харфата, свиреше и на Саул му стануваше подобро и повесело, и лошиот дух се иставаше од него“ – 1 Самоилова 16:23

Истражување на Џон Хопкинс универзитетот потврдува дека музиката во живо може да предизвика да се намали нивото на кортизол (хормон кој се лачи во човечкиот организам кога личноста е под стрес) до 41%, додека истовремено може да предизвика да се зголеми нивото на допамин (хормон кој се лачи во човечкиот организам кога личноста е среќна) за 25%. Исто така, може да предизвика значајно намалување на симптомите на депресија веќе по 20 минути слушање.
Друго истражување покажува дека музиката може да придонесе за намалување до 21% на болките во човечкото тело, влијаејќи на истите нервни патишта во мозокот на кои влијае и морфиумот.
За христијаните, музиката е еден од начините на кои верниците Му оддаваат слава на Бог.
Зборувајте си еден на другиот со псалми, и химни, и со духовни песни! Пејте Му на Господа и воспевајте Го во вашите срца! – Ефесјани 5:19
Една студија на медицинскиот факултет на Харвард потврдила дека групното пеење и славење ги зголемува т.н. IGA антитела кои се примарна одбрана на човечкиот организам против респираторни инфекции и вируси за 240%.
Дополнително, музичките активности се единствени кои го активираат секој дел од човечкиот мозок истовремено. Ниедна друга активност, како читање, вежбање или некој друг стимул не го активира толку сеопфатно човечкиот мозок. Дури и пациенти со Алцхајмерова болест кои ја загубиле речиси целосно меморијата реагирале на познати мелодии, бидејќи музиката се меморира на поинаков начин во човечкиот мозок од другите сеќавања и спомени.
Во списание за кардиоваскуларна медицина споделено е истражување според кое човечкиот пулс се сихронизира со музичкото темпо по само 30 секунди изложеност на музика, истовремено предизвикувајќи извесна стабилизација на крвниот притисок.
Псалм 30:4 вели: „Пејте Му на Господ верници Негови, благодарете Му на Неговото свето име“.
И навистина ние сме повикани да Го славиме нашиот Господ Исус Христос, не за нас да ни е подобро, туку заради тоа што Тој го направи за нас на крстот, затоа што е наш Господ и Спасител Кој е достоен за слава и чест. Истражувањата само потврдуваат дека навистина, кога сме во позиција заедно во црквата да Му пееме и да Го славиме Господ, и нашите тела примаат исцелување и доживуваат обнова.
Извор Instagram: Jesussayz
Подготвил: Кристина Димитриевска

