Додека едни ја отфрлаат како мит, други избегнуваат да зборуваат за неа, а трети оттурнати од лични проблеми бараат решенија на погрешни места, темата за демоните и егзорцизмот повторно излегува на површина во Македонија. Со ова се отворија многу прашања кои долго време биле премолчувани или дискутирани само во потесните кругови. Егзорцизмот е тема за која ретко се зборува јавно, но сѐ почесто предизвикува внимание и различни толкувања од пошироката маса на народ.
Прашањето кое со години останува на маргините на јавната дебата е следното: дали станува збор за религиозно верување, психолошки феномен или нешто што јавноста сѐ уште не сака да го прифати?
Во Христијанското учење демоните не се сметаат за симболика, туку за реални, невидливи сили кои имаат деструктивно влијание врз благосостојбата на човекот. Според ова учење, демоните не се прикажуваат како во популарната Холивуд култура со рогови и опашка, туку делуваат суптилно, преку состојби на страв, зависности, анксиозност, болести или внатрешни борби и кризи.
Многу често: променетото однесување на човек, стаклениот празен поглед, потребата од изолирање на блиските луѓе, променет глас, нагон за угнетување, насилство и неконтролирана агресија и бес, неповрзани и апстрактни теми во разговор со личноста, болки во душата и постојана тага, ненадејни болести, слушање гласови и избегнување на капење, пеење, читање Свето Писмо, се некои видливи симптоми кои укажуваат на некоја од многуте форми на напади од демони.
Обидот да се надминат овие нешта со посета на бајачи, гледачи и медиуми, ја прави оваа состојба уште потешка заради кое страдалниците посегнуваат по дрога, алкохол или таблети. Некои се обиделе да посетат одредени манастири во регионот и сведочат дека си го возобновиле мирот за кратко, други споделуваат дека претрпеле насилни методи на егзорцизам (некои свештеници ги тепале со стапови како обид за бркање на демони) и веќе не се осмелуваат да зборуваат за тоа. Но има и такви кои завршиле во психијатриска болница кадешто се под супресија на медикаменти.
Во контекст на ова, излезот од ваквите состојби предизвикани од демонски сили може да се случи на безбеден начин само преку Библиски принципи кои за жал не се прикажуваат на хорор филмовите за егзорцизам што ги продуцираат филмските индустрии.

Уметничка визуализација на библиска сцена на изгонување демони
Ефективното изгонување на демони од една личност се случува само во Името на Господ Исус Христос, кое во раното Христијанство било честа практика. Истата е заснована на примерот и делото на Господ Исус Христос, Кој, според пишаните докази во Светото Писмо, вршел изгонување и ослободување на луѓето од нечисти сили додека бил на земјата, после кое се случувало исцелување на луѓето.
Тоа говори дека многу од болестите кои се хронични може да имаат демонски корен. Вие можеби немате бес, ниту злоба, но нешто од внатре може ве гризе, угнетува и ви ја зема силата.
Егзорцизмот се толкува како духовно ослободување на човекот од нечисти сили преку вера, молитва и делување на Светиот Дух, секогаш во Името на Господ Исус Христос.
Исто така, Христијанската вера базирана на Светото Писмо укажува на тоа дека ваквите појави не се нови и дека скептичниот однос кон нивното постоење укажува на духовна заслепеност – неинформираност. Првиот чекор кон ослободување и духовна промена на човекот, според Христијанството е верата во Бога.
На овие простори ретки се оние кои јавно и отворено зборуваат на оваа тематика. Во Македонија единствен човек и служител на Бога кој безкомпромисно и смело ја отвори „Пандорината кутија“ за влијанието на демоните кај современиот човек е Епископ Константин Кајшаров, за која има напишано книга – прирачник за сами да ги гоните демоните од себе.
Неговата служба за Бога, особено е изразена во делот на исцелување и ослободување од демони во Името на Господ Исус Христос, често предизвикува силни реакции кај луѓето, од поддршка до остри критики.


Поддржувачите го гледаат како човек кој руши табуа и нуди помош на луѓето кои се соочуваат со лични и духовни предизвици. Од друга страна има и такви кои што го осудуваат, велејќи дека станува збор за лажно учење и манипулациии на ранливи категории на граѓани.
Како Пастор и Епископ на Христијанска Црква Блага Вест во РМ., тој не се осврнува на негативните коментари и предрасуди од страна на неупатените луѓе, туку продолжува да го врши она за кое Бог го повикал. Неговата служба е јавна и ослободувањето од демони не е мистика, туку видлив процес кој се објавува заедно со другите видео клипови од исцелителната служба која тој ја реализира.
„Не треба да заслужиш за Бог да те засака, не треба да го заработиш исцелувањето од Него или да ја придобиеш Божјата сила за ослободување од демони, потребно е само да дозволиш Бог да те допре, да согледаш дека единствена Светлина и спасение е Господ Исус Христос, да поверуваш во Него.” – ова е ставот што Константин Кајшаров го истакнува во своето јавно делување објаснувајќи дека луѓето се слаби и податливи на страдања заради непознавањето на Христа.
Тој објаснува дека Исусовото дело на Крстот и Воскресението веќе овозможија победа над злото, но таа победа неопходно е да се донесе и прогласи во животот на една личност како Евангелие на Божјата благодат за човекот да си го отвори срцето за Бога. Тој не става услови, или етикети за тоа на кој може да му се помогне, тој не вели дека гревот и слабоста на човекот се причина за се што им се случува на луѓето, затоа многумина му се обраќаат и наместо религиозен систем кај него наидуваат на поттик за духовен живот со Бога.


Она кое може со сигурност да се потврди се сведоштвата и личните искуства на многу луѓе, како од земјава, така и од пошироко кои се соочувале со вакви непријатни појави и кои примиле ослободување и духовна обнова преку службата на Пастор Константин Кајшаров. Но, како што и самиот тој потенцира, тоа го врши во Името на Господ Исус Христос и за Негова слава. Службата за ослободување е целосно бесплатна и се одвива во рамките на Христијанска Црква Блага Вест во Р.М. како редовна практика, достапна за секој кој има потреба од помош.
Сѐ поголемиот интерес за оваа тема укажува дека поголем дел од луѓето се соочуваат со прашања и состојби кои ги доживуваат како духовен товар. За жал, поради лошо мислење и осуда од околината, најчесто луѓето се плашат да го признаат проблемот со демонско угнетување и да побараат помош. Поради овој факт се отвора потребата луѓето да бидат се повеќе информирани, бидејќи оваа проблематика не укажува на нивна слабост туку на нивна специјалност и дека има решение за ваквиот проблем.
Кајшаров објаснува дека демоните немаат стремеж да напаѓаат луѓе кои припаѓаат на темнината туку луѓе кои имаат ранлива душа и наивно добро срце.
Можеме да заклучиме дека оваа тема ја бранува македонската популација и тоа во големи размери, со растечки интерес и потреба за поголема отвореност кон духовните прашања кои влијаат врз животот на човекот.
Едно е сигурно – „Пандорината кутија“ е веќе отворена, непознатото нема веќе сила, вистината ослободува.
Јулијана Спироска

