Дали со твојата вера во Господ Исус Христос имаш жива претстава за исцелувањето?
„Тој Сам во Своето тело ги понесе нашите гревови на дрвото, та ние, умирајќи за гревовите, да живееме за правдата; преку Неговите рани се исцеливте“. – 1 Петрово 2:24
Погледни подлабоко во стихот:
„Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето, беше презрен, и за ништо го сметавме. А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува. За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме“. – Исаија 53:3-5
Од овој стих имаш слика во себе како изгледал Исус кога беше лажно обвинет на смрт, Тој беше скршен, крвав, и на Него ги зеде нашите болести, слабости и гревови, Тој презема сѐ на Себе дури и твојот проблем, сега погледни го тоа на Неговото тело. Види ги твоите рани, твоите искривени прсти, твојот канцер, види ги на Него и во истиот миг како тоа исчезнува од тебе. Погледни Го Исус како за сите нас беше распнат на крстот и со Неговите рани се исцеливме, Тој умре за нас и на трет ден воскресна, ја победи и твојата болест и смртта и сатаната.
Практична реализација:
Значи преку Исусовите рани ние се исцеливме и тоа е завршен процес кој веќе се случил. Сега ни преостанува тоа да го примиме во нас и да се манифестира на нашето тело, или душа или во животот наш.
Како? – Со вера!
Еве неколку чекори за да го постигнеш тоа:
- Поверувај во стихот за исцелувањето преку раните на Господ Исус Христос, тоа се Божји зборови. Тоа е Божјо ветување. Тоа е непроменливо, вечно.
- Исповедај дека тоа ветување се однесува за тебе во Име на Господ Исус Христос. Тоа Божјо ветување со твојата вера исповедај го, изусти го како што Бог тоа го направи кога рече да биде светлина и бидна светлина. Спротивстави му се на ѓаволот и на болестите.
- Верата треба да биде жива претстава, очите твои гледаат како телото ти трпи болки, но ти треба со духовните очи да погледнеш како Исус распнат на крстот ги зема твоите болести и слабости на себе, како се случува проток од Исцелителна Сила од Христос кон тебе преку Светиот Дух. Оваа жива претстава подразбира да изразиш состојба на благодарност дека веќе се случило и се исполнува тоа сега и овде на тебе.
Ова значи и да се однесуваш како да си здрав, да гледаш на себе како на исцелен човек, да функционираш нормално, и да останеш во верата славејќи Го Бог за тоа што те исцели. - Биди во благодарност кон Бога и Слави Го Господ Исус Христос, тоа ќе ти помогне да ги надминеш сомнежите и вознемирувањето кои се појавуваат од симптомите на страв или болка.
Така и ти, бидејќи и ти и јас сме Божји деца, ние треба да Го следиме примерот кој Бог ни го посочува. Нели Христос ќе кажеше збор и се случуваа чуда, исцелувања, воскреснувања? Ако си верник во Господ Исус Христос тебе ти е даден Божји дар, тоа е верата и си должен да го користиш, како победник, имено:
„Кој е тој, кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Божји Син?“ – 1 Јованово 5:5
Следуваат примери.
Прокламација за исцелување од бактерија, инфекција, канцер
Бактеријо, инфекцијо, канцеру, ти си планината на која ѝ заповедувам во Името на Господ Исус Христос да се исушиш во мене со сѐ корен и да се искорениш од мене и да се фрлиш во морето, во мојот јазик има сила на смрт или на живот и со таа сила изговарам смрт врз тебе бактеријо, инфекцијо, канцеру, а на моето тело му заповедувам да се потчини на Божјото Слово од Исаија 53:4,5 и да се возобнови целосно зашто преку раните Исусови јас сум исцелен целосно. Ти благодарам Оче во Името на Исус за моето совршено исцелување кое настана сега.
Гледај го тоа со духовните очи!
Прокламација за исцелување од болест, парализа, хипертензија, депресија…
Ниедно Господово Слово не се одложува, сѐ што Бог кажал се исполнува и Бог кажа дека сум спасен, искупен, исцелен, во мене се пројавува Христовиот живот, воскреснат живот, јас не живеам, Христос живее во мене и во Името на Господ Исус Христос ја објавувам победата на Господ Исус Христос над смртта, сатаната, демоните, болестите, сѐ е поразено.
Парализо, болест, хипертензијо, депресијо…
______________________________________
(Името на болеста или демонот)
во Името на Господ Исус Христос ти си поразена и згазена под Неговите нозе, напушти го ова тело сега и земи си ги сите симптоми со себе!
Во Името на Господ Исус Христос заповедувам целосно обновување на секој орган, на целово мое тело, душава и духот мој. Ова тело е створено да е храм Божји.
Тио благодарам Господе што ме исцели, што ме спаси и сум искупен. Ти благодарам Оче мој во Името на Господ Исус Христос.
Гледај го тоа со духовните очи!
Од овие примери за изговарање на Божјото Слово треба да знаеш дека ти со вера во Христос го спроведуваш Божјиот Авторитет врз болестите, демоните и сатаната. Тоа се случува само со вера. Ако мислиш дека ќе се случи нешто доколку само напразно ги повторуваш овие зборови, тогаш си се заблудил, тоа ќе биде само стихотворба и ти ќе паднеш во очај.
Затоа верувај, а бидејќи верата е акција тоа значи да го видиш тоа кое си го поверувал со духовните очи и така се однесуваш, зборуваш и дејствуваш. Не се сомневаш, бидејќи ако се сомневаш ништо нема да добиеш од Господ.
Извор: Натприродни визии – Исцелување со вера, од Пастор Константин Кајшаров

