Ако ги прашате луѓето дали знаат кој е Харалампос Цаконидис, повеќето сигурно би рекле дека не слушнале за таква личност, но само ако се спомне името Хари-Божјиот човек од Солун, тогаш веќе на сите им станува јасно за кого станува збор, бидејќи тој е човек за кого се раскажува низ сите краеви на земјата.
Харалампос Цаконидис, или уште познат како „Harry-Man of God“ е Пастор на Христијанската Црква на сите нации во Солун, Грција (Christian Church of all nations-CCOAN), роден во 1984 година во малото село Агиос Атанасиос во североисточна Грција.
Растејќи на само 10 минути од историскиот антички библиски град Филипи, тој на рана возраст се запознал со затворот на апостол Павле и Сила и приказните за Божјата моќ во Книгата Дела Апостолски. Тие приказни биле врежани во неговото сеќавање, а Светиот Дух запалил искра во неговото срце, која подоцна се разгорила во жед и копнеж да Му служи на Бога, прославувајќи го Името на Господ Исус Христос.
Во неговите рани дваесетти години Хари започнал да живее во Холандија, водејќи амбициозен живот, како млад претприемач и вреден човек. Но, и покрај професионалниот напредок, неговата душа не била исполнета, па така започнала потрагата по вистинската смисла на неговото постоење која го довела до Лагос, Нигерија. Пред да отиде таму, Хари доживеал натприродно искуство од Бога, откривајќи му го неговиот повик, мисија и цел на постоење која тотално му го променила животот на невообичаен начин.
Цели 10 години, Хари заедно со стотици млади луѓе од целиот свет бил дел од посебна обука во Нигерија предводена од неговиот ментор кој воедно е и негов духовен татко, познатиот пророк Т. Б. Џошуа, која имала за цел изградување на Христолик карактер и подготовка за неговото огнено служење за слава на Бога.

Веднаш после тоа, Бог започнал многу моќно да го употребува Божјиот човек Хари како инструмент во службата за исцелување, пророкување и ослободување од демони во Името на Господ Исус Христос, а веќе во 2015 година Хари ја основал Христијанската Црква на сите нации во Солун. Оттогаш дејствува многу силно, ширејќи ја пораката за спасение преку Христос во својата држава, но и во светот воопшто.
Иако знаците и чудата што Светиот Дух ги извршувал во Црквата привлекле меѓународно и национално внимание, Хари останал тивок и понизен човек кој продолжил да им помага на оние кои најмногу имаат потреба од помош.
Негова главна цел, како што вели и самиот, не е исцелувањето, туку Оној Кој исцелува, а тоа е Господ Исус Христос, што е и клучната порака која постојано ја пренесува, нагласувајќи го фактот дека кога Го имаш Христос имаш сѐ што ти е потребно во животот.
И денес, овој Божји човек продолжува да биде уникатен амбасадор на Радосната Вест за Христос, покажувајќи ни пример дека силата не е во потпирањето на себеси, туку во понизноста кон Бога.
Јулијана Спироска

