Скандалозни реакции после семинарот кој го водеше Константин Кајшаров за користењето на солта и маслото на семинарот Квантна Енергетска Заштита.
За заштита на домот, помазајте со масло за помазание над вашата влезна врата и кажете со вера: „Во името на Господ Исус Христос објавувам дека во мојот дом нема пристап никаков ентитет на темнината освен Божјиот Свет Дух кој го носи Божјото помазание!” , тогаш се става граница која демоните не можат да ја преминат. – сподели Константин Кајшаров.
За исцелување на односите во семејството и изворот на просперитет, Константин кажа:
– Ако се нароси сол во домот и се изрече: “Во името на Господ Исус Христос со заветот на солта објавувам исцелувањето преку раните Исусови да надојде сега врз сите што живеат во овој дом и да бидат исцелени од отрови на умот, отрови на срцето, отрови на телото, отрови на душата и се што го труе просперитетот на овој дом!”, тогаш ќе се случи промена во духовната атмосфера на живеалиштето и ќе се тргнат духовните отрови од грижи, завист, гнев, нетрпение, уроци и непростување.

Овој принцип е според пророкот Елисеј кој ги исцели отруените води во градот Ерихон со сол.: „Жителите од градот му рекоа на Елисеј: „Убаво е во градот, како што може да го види тоа и нашиот господар, ама водата е лоша и земјата неплодна.“ Тој рече: „Донесете ми нова чинија и ставете сол во неа!“ И тие му донесоа. Тој тогаш отиде кај изворот, ја фрли солта во неа и рече: „Господ зборува вака: ‘Ја исцелувам оваа вода. Од неа нема веќе да има ни смрт ни неплодност.’“ И водата стана здрава, и таква е до денешниот ден, според зборот што го рече Елисеј.” – 2 Цареви 2:19-22
Солта се среќава во Светото Писмо често како симбол за зачувување, заштита и богатство, не случајно Исус ги нарекува своите ученици:
„Вие сте солта на земјата, но ако солта стане блуткава, со што ќе се осоли? Веќе нема сила за ништо, освен да биде фрлена надвор и луѓето да ја изгазат.” – Матеј 5:13


На оваа Библиска основа Константин Кајшаров ги обучуваше присутните да ја применуваат својата вера во Бога со што истакна дека било да е вода, масло или сол, силата не доаѓа од создаденото (материјата) туку од Создателот и во името на Господ Исус Христос, но при изговарање на Божјото Име се активираат некои карактеристики на материјата т.е., таа станува носител на Божествена вибрација и енергија што доаѓа од изговореното Божјо Слово од вашата уста. Таков е примерот со водата која станува осветена вода или со солта која како кристали ја носат молитвата, или пак со маслиновото масло кое станува масло за помазание при разни потреби и за исцелување. На овој начин материјата е носител на исцелително помазание, нешто кое во Новиот Завет се сретнува и преку ткаенина:
„Бог преку Павле правеше многу необични чуда, така што дури и кога врз болните ќе ставеа шамивче или дел од облека што се допрела до телото на Павле болестите исчезнуваа, а обземените се ослободуваа од демонските духови.” – Дела Ап. 19:11-12
Иако на социјалните мрежи имаше клевети и навреди од религиозни фанатици дека тоа што Константин го кажувал на семинарот било магиско и езотерично, сепак Библијата открива дека и маслото било дел од христијанската практика:
„Тогаш апостолите заминаа и им проповедаа на луѓето да Му се вратат на Бог. Изгонуваа многу демонски духови и исцелуваа голем број болни, премачкувајќи ги со маслиново масло.” – Марко 6:12-13
Засновано на овие Библиски принципи, Константин Кајшаров рече: “Ако ве боли нешто, ставете масло на тоа место и изречете исцелување во името на Господ Исус Христос и ќе биде.

На крајот заклучуваме дека Константин Кајшаров кој е Магистер по Клиничка Психологија, Магистер по Кинезитерапија и магистрант по Теолошки науки, навистина е темелен и добро ја познава тематиката разбивајќи ги табу темите во духовноста. Тој е најуспешен ментор на верувањата помагајќи на луѓето да ги преобразат своите негативни верувања за да живеат во духовна и успешна реалност. Познат како егзорцист – прогонувач на демони и исцелител, стана недопирлив за мислењето на луѓето и гласен говорник за натприродното и невидливото врз основа на Светото Писмо и силното водство кое го има од Светиот Дух.
Иако Константин служи како Епископ, Пастор во Христијанска Црква Блага Вест во Р.М., тој е неконвенционален и продолжува да изненадува со новитети. Неодамна го објави видео спотот за песната “Благодатта Божја дојде”, како модерен христијански пакет за Велигден. Со неговите јавни обраќања на социјалните мрежи и поткасти, тој ја бранува масата, зборувајќи за квантната сфера и христијанството од Светото Писмо. Затоа често наидува на отпор или од религиозни фанатици или од неедуцирани луѓе кои не сакаат другите да имаат успех во практиката на позитивните верувања во Бога, но тој продолжува да досегнува до многу души за Христос како еден од подинамичните евангелизатори на современото време.
Павле Х.

