Очевидци

Чудо во Македонија: жена сведочи за исцелување и бременост по молитва

За мене беше несфатливо, како тоа демоните се оние кои причинуваат болести. Иако имаше Библиски објаснувања од Епсикоп Константин Кајшаров на интернет, сепак немав увид додека не пристапив на исцелителна служба во Црквата кадешто тој служи. Имаше една жена со ревматоиден артрит, стоеше до мене и заедно чекавме да пристапиме за Константин да се помоли за нас. Забележав дека прстите на рацете и се искривени, имаше црвенило, ми сподели дека ја болат. Кога застана на молитва, наеднаш слушнав како Константин заповедува во име на Господ Исус Христос да замине демонот на артрит од жената, таа не реагираше драматично, малку заплака, потоа почна да дише возбудено, и подадоа хартија и исплука во неа плунка. Потоа Константин уште неколку пати заповедуваше да замине од неа демон на болка, оток и отфрленост, жената ги затресе рацете и толку. Јас гледав се пред мене и видов додека си го бришеше лицето од солзите, прстите и беа исправени, не беа ни црвени. Таа го забележа истото и гласно кажа дека нема болка. Возбудата беше голема, сите извикуваа Алелуја, јас стоев и гледав и се наежив, тоа беше неверојатно. После мислев дека ќе и побараат пари некои од луѓето на Константин, но тие беа многу љубезни со неа и дадоа книга бесплатно, ја охрабрија и и препорачаа водно крштевање. Се беше бесплатно, се беше библиски, се беше јасно и откриено. Почувствував блаженост и се вратив во редот за молитва.

Пред мене стоеше мајка со дете околу 10 годишно. Ја прашав што е со детето, бидејќи во очите немаше сјај, немаше радост. Таа ме погледна жално и сподели дека детето имало епилепсија и дека нападите биле многу чести. Слушнала дека многу луѓе биле ослободени од таков демон преку службата на Константин Кајшаров и решила да дојде. Додека размислував дека не е се логично во животот и дека постојат проблеми кои медицината не ги гледа како духовни, слушнав стих од устата на Константин кој подоцна го најдов во Светото Писмо: 

„А кога сонцето зајде, сите, кои имаа болни од разни болести ги доведоа при Него. А Тој ги положи рацете на секого од нив и ги исцели. И лоши духови излегуваа од мнозина и викаа, велејќи: „Ти си Божји Син.“ А Тој ги прекори и не им дозволуваше да зборуваат, зашто знаеја дека Тој е Христос.“ – Лука 4:40-41

Очигледно болестите биле предизвикани од демони, Исус ги исцелил луѓето со полагање на Неговите раце врз нив и тие заминувале од луѓето. Ми се разјаснија дилемите од каде доаѓаат болестите, но и дека Исус може да не исцели. Детето со епилепсија беше во прегратките на мајката, Константин ги стави рацете врз него како да го галеше, детето најпрво се расплака, потоа Константин го избрка демонот на епилепсија, детето се смири. Мајката само плачеше. Потоа детето се насмевна, очите му се смееjа, мајката беше многу благодарна. Сигурна сум дека детето беше исцелено.

Кога ми дојде редот, Константин како да знаеше, заповеда во име на Господ Исус Христос да замине демон на Лилит, не знаев што е тоа, но во стомакот почувствував грч и болка. Тој како заповедуваше нешто во мене се откинуваше и почнав да кашлам и мене ми дадоа хартија, искашлав и исплукав плунка, после одново Константин заповеда да замине се што предизвикува неплодност, тогаш почнаа солзи да доаѓаат заедно со многу ментални слики и сеќавања од се што поминував по патот за да станам плодна жена и мајка. Како да се случуваше ослободување од траумите кои беа складирани во мојата меморија. Потоа почнав да се клатам, како да се лулам, Константин дувна во мене и осетив сила од која почнав да паѓам, но ме задржаа луѓето кои помагаа. После тоа бев поинаква, почувствував леснотија, потоа како блаженост да ми надојде, во себе искусив исцелување на внатрешните рани, а стомакот ми беше топол, но празен, не бев подуена повеќе.

Поминаа 3 месеци од овој миг кога слушнав дека сум бремена. После 10 години борба, терапии и депресии, конечно останав бремена, знам дека е од Бога, но се случи во Црквата кај што служи Константин, не во стандардните цркви, не во курсеви со религиозни поуки и под сугестии на свештено лице. Јас бев како учесник во филмот Исус од Назарет кога една жена беше исцелена. Толку едноставно, силно, трансформативно. Ми се смени перцепцијата за тоа што навистина е Црква и што значи верата во Бога. Очигледно овој модел на служење кај Пастор Константин беше спротивен на другите религиозни системи и затоа редовно слушав негативни коментари и клевети за него. Ниту ми побараа пари, ниту ми наплатиле, не сум одела во неговата ординација, само во Црквата кадешто служењето е центрирано на Библијата, Исус и Светиот Дух.

Не станав зависна од Константин, не бев манипулирана, не му препишував куќи и станови, понормална станав од кога знам за себе, поинаку гледам на животот.  Мажот ми повремено ми вика одново да го гледам Константин на интернет или да одам кај него на Богослужби особено кога сум нервозна, бидејќи ми се смирува душата и станувам присебна, пореална, понизна и подобра за себе и другите. Мора да се каже сето ова, многу луѓе ова го доживеале, некои се плашат да споделат, бидејќи луѓето ќе ги етикетираат дека смениле вера и станале протестанти. Јас немам проблем со тоа, мене ми е важно да Го прославам Бога и ова сведоштво е за тоа како Бог дејствува и денес, секако преку Константин кого го сметаат за непријател, а е толку голем благослов за нас.

Т. Величковска

Можеби ќе ви се допадне

Очевидци

Повик кој го спаси животот на мајка ми

  • 24.02.2026
Повик за помош кој никогаш нема да го заборавам, зборови кои никој не сака да ги слушне и не ги
Очевидци

Докторите и предвидуваа само уште два дена живот, но се случи нешто натприродно

  • 25.02.2026
“Ѝ останаа уште два дена живот на вашата ќерка” – овие зборови точно на полноќ како ехо одекнуваа низ празниот